Архитектура и природа прикажани низ модната уметност

Шамек Блуви е моден илустратор од Јордан. Тој е вистински пример за спој на креативната мисла и уметноста. Како од „нешто“ да направиш „нешто повеќе“. Сѐ е до окото и начинот на гледање на работите. Тој завршил факултет за Архитектура кој според него му помогнал да биде изложен на обете, уметноста и многуте технички аспекти како што се естетиката на човековото тело. Тој исто така вели дека токму тоа му помогнало да сфати колку ја сака контрадикторноста, која секојдневно ја внесува во неговите уметнички дела.

Погледнете и самите за што станува збор:

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0