Песна за месец МАРТ!

Ајде дали слушаш, паметиш Мартице!

 

Баба Марта ли е, тета Марте ли е,

никако не може да се реши,

сите расположенија деновиве ги смени

што ли ќе беа тие женски гени!

 

Дал е климакс или ПМС не знам,

ама ако облечам кратко знам ќе се зезнам.

Денес сонце, утре снег,

на Марте не и чуе, не ја рони брег.

 

Аман Марте пушти душа,

та си го фатила народот за гуша.

Пролет стигна а тебе не ти слуша,

маж ли нема, што ли е,

те фатила ли суша?

 

Жена си, но змија не си,

дај земи нешто фино замеси,

па на ФБ опни и предизвик стави,

кој подобри кифлички од тебе прави.

Смири живци, сонце дај,

раат да сме, трај клај.

 

Корона нека ојде, Април нека дојде,

живот да се врати во нормала,

доста е од пуста домашна илегала.

Филипче да одмори, сите да сме раат,

100 кила се направив мастите се гаат.

Златна теретана, Кеј или Водно,

сакаме слобода во местото ни родно!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0