Учителка – Уметник – Уникат! Одблиску со Марина Христова

Урбан лик со уметничка душа, модно гуру со вроден сенс за естетика и убавина, вљубеник во природата, здравата храна и водењето квалитетен и исполнет живот, голем пријател и верник – Марина Христова. Претседател и основач на меѓународната невладина организација за деца и млади – ХЕСЕД, учителка која децата просто ја обожаваат, а воедно и човек кој носи една посебна ведрина и енергија која може за секунда да ви го подобри расположението и да предизвика насмевка на вашето лице. Еве што таа кажа за себе, нејзиниот животен стил и работа, низ краткиот разговор кој го имавме со неа. Уживајте …

Марина: Пред се благодарам што во мене видовте инспиративен лик и човек од кого сакате да слушнете збор два. Особена чест ми е да одговорам на овие прашања затоа што ми ги испрати личност со исклучителна и уникатна природа полна со убавини во себе 🙂

1. Како дојде до идејата за ХЕСЕД и што тоа претставува за тебе?

– Хесед е љубов истакната врз вистински вредности, Божја љубов кон народот. Идејата ја добив после низа истражувања и неколкугодишно искуство во државно училиште каде работев и воочив низа огромни и суштински нешта на кои им се потребни промени и делување преку невладин сектор како надворешни соработници во областа на образованието. Првиот проект сакав да биде посветен на децата во ранлива категорија па затоа од 2016 година добивме дозвола и секоја година го обновуваме меморандумот за соработка со домот „11 Октомври“ за проектот Ментор-Тутор за секое дете во социјален ризик. На кратко иновативен начин на неформално образование кое за овие деца значи многу.

2. Учителка која сега е активна и преку приватни он-лајн часови. Дали пренесувањето на знаењето на најмалите е твојот повик на судбината или има нешто повеќе од тоа? 🙂

– Многу интересно прашање. Начинот на кој им се обраќам на децата и младите ми е предизвик пред се затоа што се соживувам со секоја исклучително уникатна приказна во секој од нив, без разлика за кои деца станува збор и преку мојот пристап кој одвнатре ме допира успевам да си ја постигнам целта без разлика дали е од воспитен или едукативен карактер. Секогаш имам материјал за моделирање. Дали ми е судбина сеуште не знам 🙂 ама мислам дека секогаш имам и знам што да им кажам.

3. По душа вистински уметник, со раце кои од ништо можат да создадат безвременска убавина. Во слободно време црташ, моделираш, пееш, пишуваш. Има ли Македонија тло за слободни уметници и дали општеството само ги загушува овие таленти кои ја имаат заробено дарбата во своите срца поради неможност за искажување на истата?

– Уфффф, сега баш ме погоди. Се прашувам само дали да сум брутално искрена или сепак да го барам како и секогаш скриениот и недопрен дијамант за да ја задоволам својата потреба од онаа суштинска вистинска внатрешност што не ме остава на мир и постојано бара нова интересна приказна. Без разлика дали е тоа цртање, творење, пеење, танцување, актерска игра, креирање на приказни…..или пак некоја креативна егзистенцијална применета уметност 🙂. Ајде вака……Многу ми е тешко што ретко кој во Македонија умее вистински да ги реализира своите лични таленти и аспирации. Македонија е тло во кое колку и да го задушуваат човекот со разноразни причинско-последователни изговори со неприфаќање на природните и уникатни убавини на човекот, сепак ретките поединци умеат да создаваат незаменливи приказни. Но, еве и вие самите воочите дали е возможно еден уметник да биде егзистенцијално ослободен за да може да се посвети на љубовта во себе кон нештото – правецот во кој сака со сета страст да се образува и надградува и од гасеница да се претвори во пеперутка ако државата и неможностите не го признаат и прифатат неговиот талент?!…..Волја, надеж, верба, начин да преживее. Да не се лажеме дека мама и тато се должни да го плаќаат факултетот, тоа одамна е демоде ширум светот 🙂.

4. Македонија е земја на конформизам или слободоумие?

– Конформизам од немај-каде 🙂, скриени во некое дупче кој заспан кој бара изговор, кој е летаргијата, а верувајте секој одвнатре длаааабоко во себе копнее за слобода, слободоумие и себеизразување на раат. Зборам за онаа вистинската слобода не?!

 

5. Каква боја ти се мислите?

– Евентуална ахахахаха. Шарена се разбира, со светли бои, нежни и ексцентрични. Низ кои баш тоа свои и неформални, суштината умее да исцрта контура и форма со некоја боја во контраст, чисто да се види што е она за кое треба да се биде или не …

6. Што би си кажала себеси да можеш да се вратиш 15 години наназад во времето?

– Јаооооо. Опет би урадила све исто 🙂. Због чега не би била то ја ако било би другачие 😉. Ама нешто за кое сеуште не можам да се помирам е тоа дека не си заминав уште мноооооогу одамна од тука каде што ќе можев да бидам за миг образуван уметник, тоа многу ми недостига. Тоа вака ќе звучеше: „Абре Марина оди си од тука, види го светот и тој нека те види тебе, без Т’ГА за својот југ“… Може спонтаноста таму ќе беше поинаква.

7. Кога би можела да смениш барем една работа во ова општество, која би била таа?

– Непартиски систем. Поинакво образование, слободно, суштинско, иновативно….Но, најмногу од се би им дала можност на вистинските таленти да бидат професионалци во својата автентичност и повик одвнатре, без разлика за која област и да станува збор.

 

8. Каде се гледаш себеси за 10 години?

– Ауууууу поима немам 🙂…..Кој би знаел?! Ме ограничува помислата да знам. Само сакам да сум слободна, да работам навистина тоа што сакам и постојано да шетам.

 

Марина, ние ти ја посакуваме целата слобода на светот и себеостварување на сите полиња во животот кои го исполнуваат твоето срце, те прават среќна и ја истакнуваат онаа вистинската Марина, која тие што ја познаваат, искрено и безрезервно ја сакаат и почитуваат, како жена претприемач, учител и човек пред се. Остани тоа што си, ѕвезда која силно сјае на нашето небо, и продолжи со својата мисија во обликување на детските умови во силни, одговорни и културни индивидуи кои се иднината на оваа земја.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0