Сверква – најдобар пријател или лоша вештерка?

Снаа и свекрва, однос кој уште од самото создавање на фамилија си завзема некоја чудесно изобличена форма, која само се доискривува со текот на времето. Ова секако станува збор доколку семејството живее во заедница, каде целиот тек на животот и одгледување на децата е меѓусебно поврзан и со време создава една нераскинлива нишка која за жал е исполнета со гнев и омраза, наместо со љубов и трпение.

Да не се разбереме погрешно, секако дека постојат исклучоци од овие „стереотипи“, но искуството покажало дека повеќето се крајно несреќни, разочарани и полни со лутина во овие односи, кои за жал некогаш се неизбежни.

Односите се градат уште од почеток. Ако нешто ви пречи слободно кажете го, не ја собирајте лутината во себе, бидејќи таа ќе стане како темпирана бомба која еден ден, најверојатно на најмалата ситница ќе пукне. Поставете си граници и побарајте истите да бидат почитувани.

Доколку сте СНАА, имајте во предвид дека вашата свекрва е постара жена и покажете почит и разбирање најпрвин во однос на годините. Таа сепак години и години готвела, чистела, се грижела за домот и децата, работела и се преработила како што и вие сега тоа го правите, така да вие како помлада сепак треба да дадете малку повеќе во целата таа слика. Тоа не значи дека свекрвата нема ништо да работи и само ќе лежи и одмара, но очекувајте и прифатете дека поголемиот дел од обвските ќе бидат на ваш грб. Додека се живее во заедница, помладиот е секогаш повеќе ангажиран.

Кога станува збор за деца, знајте дека тие деца се пред се ВАШИ. Вие сте им МАЈКА, вие ги растете, воспитувате и вие одредувате во кој правец сакате тоа да се движи, земајќи ги во предвид советите и сугестиите од другата страна, но секогаш одговорни за конечната одлука. Тука нема отстапки.

Доколку сте СВЕКРВА, за момент ставете се во кожата на вашата снаа и преиспитајте го вашето однесување. Не правете му на другиот она што не би сакале да ви прават на вас. Ако сте биле некогаш снаа, тогаш знаете со што вашата сегашна снаа се соочува и бидете поддршка наместо да бидете поттик за раздор. Да, вие сте го израснале вашиот син како што најдобро сте умееле, но сега е ред на снаата да си ги израсне нејзините деца, вашите внуци како што таа знае и умее. Родителството е постојано учење, секојдневно градење трпение и разбирање, работа која бара максимално посветување, каде уморот е неизбежен, а љубовта неизмерна. Правилата ги поставува мајката. Слободно советувајте бидејќи сепак имате искуство, но дозволете мајката да го има последниот збор. Помагајте, не одмагајте.

Двете сте жени и знаете со што жените во денешно време се соочуваат. Брз живот, тон обврски, деца, домаќинство, маж … списокот нема крај. Затоа бидете си поддршка од женски аспект, бидејќи разбирате, сочувствувате, знаете, заедно се соочувате. Извлечете го најдоброто од себеси и направете наместо крвни непријателки кои си го одземаат секојдневниот мир, да бидете како „сестри“ кои се надополнуваат и помагаат во деновите кои се пред вас. Наместо кавга, напијте се чаша вино заедно. Наместо префрлање и вртење на очите, отидете заедно во некој спа центар, а децата оставете ги кај машкиот дел од фамилијата. Заедно изберете мир и разбирање. Со тоа ќе си го олесните и подобрите животот кој секако е краток и брзо поминува.

Изберете љубов.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0