Што сакаат децата?
Дали ја знаете вечната вистина за тоа што всушност сакаат децата? Погледнете и самите пресудете дали е ова одговорот …
На детето можете да му ги купите најскапите и најдобрите играчки на светот, но доколку не седнете барем на момент да си поиграте со него со тие „солено“ платени играчки, тогаш тие во неговите очи немаат никаква вредност. Детето не знае што значи тоа „скапа“ играчка, бидејќи за него она што е вистина бесценето е играта со вас, долу на подот, заедно кога душите ви се една до друга, погледите ви се преплетуваат а насмевките летаат безгрижно на сите страни.
Истото важи и за облеките. Ќе изнакупувате, ќе го дотерате, и како кукла ќе го седнете во најдобриот локал, но ако не одвоите време детето да го лулате на најблиските лулашки, да возите велосипеди заедно, да поиграте со топка и заедно да се изморите од детската игра, тогаш залудни ви се сите модни изданија. Со нив ги задоволувате само вашите и очите на околината и случајните минувачи. Најважни треба да бидат очите на вашето најмило кои треба да блескаат од среќа, а тоа со пари не се купува.
Подарете време, подарете љубов и внимание, бидејќи тоа е она што во очите на детето е најважно.
Само љубовта раѓа љубов.