Предлог рецепт за неодолива и вкусна печена тиква

Нашето тело го следи биоритамот на природата. Зошто да јадеме лубеница во есен, кога таа ни ја носи вкусната и блага тиква полна здравје. Испечете ја, направете вкусен колач или пита од неа и уживајте во нејзините вкусови. Ние ви предлагаме еден брз и едноставен рецепт за печена тиква со додаток на малку зачини и секако многу љубов …

Се што ви е потребно е:

  • тиква,
  • маслиново масло,
  • мелено каранфилче, цимет, морско оревче, кафеав шеќер и малку морска сол;

Загрејте ја рерната на околу 200°C. Исчистете ја тиквата од семки кои ќе ги сочувате за печење и исечете ја на парчиња од околу 2 сантиметри дебелина. Ставете ги парчињата на хартија за печење и намаслете ги убаво со маслиново масло од двете страни. Зачинете со сол, зачини и кафеав шеќер. Печете околу 20тина минути со повремено проверување како не би потемнеле премногу, бидејќи сепак печењето зависи од дебелината на парчињата. Послужете на најмилите и уживајте во магијата на есента.

На здравје.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0