29 Февруари – РОДЕНДЕН на мал број СРЕЌНИЦИ

Февруари е најкраткиот месец во годината кој брои само 28 дена. Оваа 2020 година, бидејќи е престапна година, односно Февруари ќе има уште еден „дополнителен“ екстра ден, 29 Февруари, родените на овој датум конечно ќе имаат можност да си го прослават роденденот на „својот ден“.

Многумина сметаат дека децата кои се родени токму на тој ден се СРЕЌНИ ДЕЦА, бидејќи шансите да се биде роден на тој ден, таканаречен СКОК ДЕН, се 1 во 1500. Оние кои се родени на 29 Февруари се нарекуваат ‘скокачи’, чиј процент во светски размери изнесува околу 0.068%. Тоа ги прави овие деца вистинско малцинство, бидејќи има само околу 5 милиони ‘скокачи’ во целиот свет. Да се биде роден на овој датум е поголема реткост од тоа да се биде роден со 11 прсти, каде шансите се 1 во 500.

Од каде произлегува тој +1 ден кој ја прави секоја четврта година – престапна година?

Според Грегоријанскиот календар, на Земјата и требаат 365,25 дена да комплетира една орбита околу сонцето, односно точно 365 дена, 5 часа, 48 минути и 45 секунди (или заокружено 6 часа). Овие 6 часа, кога ќе се поможат со 4 се добива едно цело деноноќие или 24 часа. За орбитата да се заокружи на 365 дена, оној сегмент од 0,25 што преостанува, кој доколку не се додаде може да влијае на целокупното поместување на сезоните со текот на времето, се додава тој +1 дополнителен ден на Февруари секоја четврта година.

Е сега зошто баш Февруари? Една од целите на постоење на овој сончев календар е да го одржува Велигденскиот празник на пролет, односно истиот е прилагоден така да пролетната рамноденица е близу 21 Март.

Дали можеби вие познавате некој скокач или скокачка кои оваа година конечно ќе имаат можност да го прослават својот роденден на денот на кој се родени? Како јагода на шлагот е и тоа што денот се паѓа во сабота, така што покрај добра прослава славениците ќе можат и да се опуштат и максимално да се препуштат на се што моментот им носи.

На сите скокачи им посакуваме СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! Нека ова биде ваша незаборавна година за паметење!

Среќна 25ка бабе!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0