Со ХИГИЕНА против КОРОНА ВИРУС!

Корона вирусот пристигна и во Македонија. Паниката помеѓу народот веќе почна да се шири. Рафтовите во аптеките и продавниците полека почнаа да се празнат.

Наместо да шириме паника, подобро е да се насочиме кон нејзина превенција.

Прво што треба да знаете е дека МАСКИТЕ кои ги купувате НЕМА да ве остават комплетно имуни на вирусот. Доколку некој кивне или се искашла кон вас а е заразен со истиот може да го пренесе на вас, со тоа што ќе ја контаминира вашата маска и предметите околу вас, каде вирусот може да преживее и до 12 часа. Со рацете ќе ја тргнете маската или ќе се фатите за некој веќе контаминиран предмет, а со тоа можете да го пренесете на вас или на други околу вас. При директен допир со тие на раце на лицето, на устата или очите можете самите да се заразите или да ги заразите другите кои ќе ги допрете на истите делови. Затоа основната препорака е да миете раце. Ова е еден од главните фактори за заштита од корона вирусот. Колку и да звучи смешно и едноставно, МИЕЊЕТО НА РАЦЕТЕ е најефективниот начин да се спречи ширењето на заразните болести. 

Избегнувајте собири, јавни места, трговски центри и останати собиралишта каде можноста за пренесување на вирусот е секако поголема. Заштите се себеси и своите деца и не се изложувајте на непотребни активности.

 

Хранете се здраво и работете на зголемување и одржување на вашиот имунитет. Многу свежо овошје и свеж зеленчук нека биде присутно на вашето секојдневно мени, а свежите сокови нека ви станат дневна навика. Ова отсекогаш сме го знаеле во теорија, но сега е време да се примени и во пракса.

Корона вирусот е многу сличен во симптомите со сезонскиот грип, а тука се вбројуваат високата температура, треската и тешкотиите при дишењето. Доколку ги имате овие симптоми и се сомневате на присуство на овој вирус тогаш прво што треба да направите е да се јавите на следните броеви дадени во продолжение. Тие ќе ви кажат кои ќе бидат следните чекори и активности кои треба да ги превземете.

Без паника, но со превенција! Чувајте се и не се изложувајте барем овој период на непотребни активности! Со разум и ниво на повисока свест да ја пребродиме оваа ситуација која го погоди целиот свет.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0