Слабеење и детокс со една чаша на ден! Кој е ЗА?

Здравата исхрана, здравите навики и секако општо земено здравиот начин на живот се сè повеќе присутни во нашето секојдневие, ширејќи се со енормна брзина, дел поради избегнување на вирусите и болестите на денешницата, но и поради желбата за подобар, поздрав и севкупно живеење на еден поквалитетен живот.

Ритуали постојат многу, но само вие го познавате вашиот организам и знаете да оцените доколку некој од нив влијае добро или можеби имате потреба од друга навика која би ја практикувале секој ден.

Ако нешто влијае добро на телото, го чисти организмот од токсини и го припрема за денот кој е на повидок, тоа е овој „магичен“ детокс напиток кој има променето многу животи, а доколку го пробате и вие, би можеле да се приклучите на оваа група задоволни луѓе кои само со една навика го менуваат текот на целиот ден на подобро.

Не станува збор за апчиња, сирупчиња или разни чаеви кои фармацевтите „од срце“ ги препорачуваат, напротив секое добро за нашето тело доаѓа од самата природа. Зборуваме за ЛИМОН и ЃУМБИР, една моќна комбинација која може да направи чуда на вашето тело, како одвнатре, така и однадвор.

Наутро исцедете еден лимон, изрендајте една мала коцка ѓумбир и сето тоа ставете го во половина литар вода. Пијте го полека или брзо, како вие сакате, пред да почнете со друга храна во текот на денот. Пијалокот ќе се погрижи за една брза „генералка“ на вашиот стомак, со што ќе ја намали надуеноста и ќе го подготви за денот кој следува.

Инаку ова се само некои од придобивките од овој утрински пијалок:

  • Слабеење
  • Јакнење на имунитетот
  • Го забрзува метаболизмот
  • Брзо закрепнување после вежбање
  • Го одржува здравиот шеќер во крвта
  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
  • Намалување на болка
  • Спречување на создавање камен во бубрег

 

Брзо, лесно и ефикасно. Трио фантастико. Прескокнете го кофеинот и разбудете се со оваа „необична“ вода. Нека ви е на здравје.

Здравјето пред сè.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0