Само со една состојка до тројно побрзо слабеење
Истражувањето кое е спроведено на иранскиот универзитет за медицина покажал неверојатни резултати, и тоа: Само лажичка кумин дневно помага во слабеењето бидејќи го намалува масното ткиво и нивото на холестерол!
Во тек на три месеци е спроведено истражување во кое учествувале 88 жени кои биле поделени во две групи. Групата која земала лажичка кумин на дневна база измешана со јогурт, покажала подобри резултати во губењето на килограми.
Интересен е податокот што токму таа група имала и помал процент на масно ткиво, од околу 14.64% (до три пати помалце од групата која не употребувала кумин), што јасно покажува дека овој зачин има својства кои помагаат при топење на масните наслаги.
Резултатите не застануваат тука. Оваа група имала неверојатни резултати кога е во прашање и холестеролот, кој бил исто така на многу пониско ниво.
На што се должи овој успех на куминот? Резултатите се должат на фитостеролот, супстанција за која е познато дека ја инхибира апсорпцијата на холестеролот во телото. Авторите на оваа студија исто така предвидуваат дека куминот исто така привремено го забрзува и метаболизмот.
Освен со јогурт, куминот можете да го конзумирате како зачин за салата, како и додаток на мајонез или хумус за вкусни сосови и сендвичи. Истиот можете да го измешате со мексикански гвакамоли сос или да го додадете на пржен наут (леблебија), лешници и бадеми.
Здравјето пред сè!