15 октомври 2024
Здравјето пред СЕ

КОРАТА ОД БАНАНА како ЛЕК!

Бананите се исклучително здрави и вкусни. Тие содржат неколку основни хранливи материи и даваат придобивки за варењето на храната, здравјето на срцето и слабеењето. Покрај тоа што се многу хранливи, тие исто така се многу соодветна храна за добра ужинка која ќе ве држи сити до наредниот оброк.

По навика бананата ја лупите а кората ја фрлате во корпа. Но што ако ви кажеме дека постојат неколку важни факти, односно придобивки токму од кората од банана поради кои ќе престанете со таа навика и ќе започнете со редовна употреба на овој „неупотреблив“ дел од бананата. Еве кои се тие:

  • Белеење на забите

Истражувањата покажале дека кората од банана има антибактериска активност против одредени бактерии. Овие бактерии придонесуваат за парадонтални заболувања, како што се гингивитис и периодонтитис. Иако овие и други студии не се фокусираат на директна примена на кора од банана на забите, практичарите на природно заздравување тврдат дека триењето на кора од банана на забите е добро за вашите заби и непца. Тие исто така сугерираат дека ако го правите ова секој ден во неделата, тоа може да придонесе кон природно белеење на забите.

  • За прва помош 

Антимикробните, антиоксидантните и антивоспалителните својства на кората на банана водат кон некои предлози во народната медицина, каде што се вбројуваат следните:

а) Притискање на кората против изгореници од сончање, осип од отровен

 бршлен или при каснување од инсект за да се намали чешањето

б) Намалување на главоболка со ставање на една замрзната кора од банана на челото и една замрзната кора од банана на задниот дел од вратот

в) Ставање на кора од банана на пукнатина на кожата во која влегло мало парче дрво, метал или сличен материјал, со што ќе се помогне кон негово извлекување кон површината на кожата

 

  • Отстранување на брадавици

Ако имате брадавици на кожата, можете да го решите овој проблем со помош на кора од банана. И не само што ќе го решите проблемот, туку и ќе спречите евентуална појава на нови брадавици. Ставете парче од кора од банана на брадавицата и фиксирајте ја со завој. Оставете ја да отстои преку ноќ. Повторувајте ја оваа постапка се до комплетно отстранување на брадавицата.

  • За нега на кожата

Триењето на кора од банана на вашето лице може да допринесе за почиста кожа и да ги намали брчките на вашето лице. Таа исто така придонесува за намалување на надуеност на очите, како навлажнувач за хидрирање на кожата, помага при лузни од акни со што придонесува кон нивно видно намалување.

  • Како аналгетик

Тријте го болното место со кора од банана и набрзо ќе увидите дека таа е всушност одличен аналгетик.

 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0