7 ноември 2024
ПоследноПриказни од животот

Погрешно „вршиме нужда“ цел живот?!

Дали сте знаеле дека позицијата во која седиме при вршење нужда е неправилна и дури и може да предизвика одредени проблеми, како што се: заболување на дебелото црево, запек, хемероиди, проблеми со карлицата и слични заболувања?

Решението е во аголот!

Основната идеа е дека аголот ја прави целата разлика кога станува збор за елиминација на остатоците и непотребните материи од нашиот организам. Кога седнуваме создаваме таканаречен аноректален агол, што во суштина става остар пресврт или искривување (на нешто што е инаку право) во процесот на елиминација. Ова создава нагорен притисок врз ректумот и го отежнува излегувањето на изметот. Нагорниот притисок исто така создава потреба да се напрега, дури и само малку, за да се елиминира столицата. 

Клечењето го корегира овој агол и го отстранува искривувањето кое ќе и дозволи на елиминацијата да се случи поприродно. Позицијата на клечење е природен начин да се постигне полесна и поцелосна елиминација. Истражувањата покажуваат дека кај некои луѓе, искривувањето е целосно исчезнато при клекнување.

Погледнете ја следната реклама за „помагало при вршење нужда“ која започнува прилично „бесмислено“, но многу сликовито ја објаснува потребата од клекнување при одење по број #2 во тоалет.

 

Можеби е време да се набави едно вакво помагало во секој дом. Сепак за здравјето се работи.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0