Почивај во мир голем човеку – КОБИ БРАЈАНТ

Легендата на кошарката, вечната НБА ѕвезда, машина на теренот поради која целиот свет гледаше импресивен, импулсивен, мотивирачки баскет кој оставаше без здив, човекот кој остави огромен белег во рамките на најсилната кошаркарска лига – Коби Брајант, вчера го напушти овој свет, во својата 41 година.

Од 2016, пензионираната звезда на Лос Анџелес Лејкерс, на голема жалост и неговата 13 годишна ќерка – Џиана Брајант, на која и ја имаше пренесено несопирливата љубов кон кошарката загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија. Коби и неговата ќерка, заедно со уште седум патници, биле на пат кон „Мамба академијата“ каде тој го тренирал нејзиниот тим.

На синоќешните Греми награди, публиката на чело со Алиша Кис се збогуваа со нивниот пријател преку една емотивна изведба, со која го испратија Коби помеѓу ѕвездите кои вечно сјаат.

Во меѓувреме илјадници фанови се собираат како за последен пат би се поздравиле со својата прерано замината икона.

Легендите живеат вечно. Тие живеат во нашите срца, во нашите сеќавања, во нашите мисли. Коби остави голем печат во спортот, со неговата упорност, желба, мотивација и напорна работа. Успесите на Коби ќе живеат засекогаш, а неговите подвизи и успеси ќе се прераскажуваат со генерации и генарации понатаму. Нашите молитви се упатени кон неговата фамилија.

Некои ангели Бог ги сака побрзо покрај себе. Почивај во мир голем човеку.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0