15 октомври 2024
Здравјето пред СЕ

ПАЛЕНТА – За добра дигестија & Слабеење

Одличен за појадок, ужинка, но и како прилог покрај ручекот е секако неговото височество – ПАЛЕНТА! Без глутен, нискокалоричен, за подобрување на дигестијата и супер оброк за мали и големи, направена од жолт пченкарен гриз е познатата палента или качамак, кој има позитивно влијание врз целокупното здравје на нашиот организам.

Овој оброк содржи доволно хранливи материи, витамини и минерали кои го исполнуваат телото со долгорочна енергија и е одличен оброк за оние кои сакаат да изгубат тежина, бидејќи го подобрува варењето на храната и секако содржи малку калории во себе, односно 70 калории на 100гр сварена палента.

Пченкарното брашно воедно е одличен извор на фолна киселина, витамин Б6, Е и К, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин.

Покрај тоа таа содржи и високо ниво на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Традиционално се служи за појадок со сирење и јогурт, но таа исто така може да се комбинира и со зеленчук, како би се добил целокупен оброк.

Откако ќе отстои некое време таа добива цврста текстура и може да се исече во разни форми, користејќи модли или едноставно користејќи нож. Парчињата може да се потпечат на скара или во рерна, кои подоцна би биле одлични за послужување со разни типови на сосови.

 

Здравјето пред се!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0