Кажете ДА на ХЕЉДА

Доколку сеуште не сте ја примиле оваа супер намирница во вашиот дом и во вашата исхрана, тогаш топло ви ја препорачуваме од повеќе здравствени и диететски причини. Кажете добредојде на здравата ХЕЉДА!

Хељдата содржи:

  • витамин Б1 (тиамин)
  • витамин Б2 (рибофлавин)
  • витамин Б6 (пантотенска киселина)
  • витамин Е
  • витамин П (биофлавонид – одличен за јакнење на крвните садови; Ги зацрврстува капиларите, го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата во рацете и нозете, поради што се препорачува на луѓе со кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок)

Оваа супер намирница содржи квалитетни белковини бидејќи во својот состав има повеќе незаменливи есенцијални аминокиселини, поради што таа е повеќе од корисна за органите за варење, бидејќи ја обновува слузокожата на тенкото црево, го подобрува варењето на храната и работата на цревата.

Хељдата е безглутенска житарка која може да ја конзумираат лица кои патат од цилијакија. Нејзината застапеност во секојдневната исхрана помага во превенција на шеќерна болест и при болести на кардиоваскуларниот систем.

Хељдата слично како и оризот се вари во размер 1:3. Може да се додава во разни варива, сарми, пецива или можете едноставно да подготвите блага или солена закуска од неа.

Ви претставуваме еден краток и сладок рецепт со оваа супер храна …

 

Потребните состојки се:

  • 200 гр хељда
  • 2 шолји ореви
  • 2 шолји бадеми
  • 2 шолји сува брусница
  • 2 лажици мед
  • цимет
  • какао

Сварете ја хељдата додека убаво не омекне и додадете ги сите останати состојки во смесата. Убаво промешајте и уживајте. Ем здраво, ем вкусно. Добитна комбинација.

На здравје.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0