Кажете СТОП на болките во коските

НИГАРИ или повеќе познат како Магнезиум хлорид е потполно природен, еколошки чист дериват на морската сол, кој освен како зачин за правење на тофу е познат и по многу други корисни ефекти за човековото здравје.

Оваа сторија ја има напишано еден свештеник, отец Џан Шор, професор по физика и биологија. Тој зборува за неговото лично искуство и на кој начин нигарито му има помогнато. Кога имал 61 година, тој останал скоро парализиран. Пред да го започне лечењето со магнезиум хлорид, тој имал силни болки во грбот, што според зборовите на лекарите било неизлечиво. Кога станувал наутро, тој чувствувал силни болки во кичмата. Таа болка го пратела во текот на целиот ден. Нервот (ишијас) ги предизвикувал болките, особено кога бил буден. Болката била таа која го принудила да го направи се она што следува.

Тоа траело година дена. Болката станала толку сериозна што тој морал да ги откаже сите негови патувања. Многу од работите тогаш морал да ги извршува седејќи. После тоа се вратил во градот Флореанаполис (Бразил) и побарал нов специјалист кој би му помогнал. Тие (специјалистите) повторно му направиле нова радиографија и рекле дека неговите пршлени се во тешка состојба на декалцификација. Не постоело помош за тоа. На крајот имал големи маки со болките, било да седел, лежел или да бил во било која друга положба. Ситуацијата се чинела безнадежна.

По некое време на конгрес во Порто Алегро (Бразил), тој се запознава со отецот Хуарез, свештеник-Исусовец, кој го уверил дека решението на неговиот проблем е многу едноставен. Лекот бил Магнезиум хлорид! Тој почнал да зема по една доза магнезиум хлорид секое утро. Три дена подоцна започнал да зема една доза наутро и една доза навечер. Така и продолжил. Дваесеттиот ден, откако станал, си бил сам на себе чуден, затоа што не ги чувствувал повеќе болките и со леснотија почнал да оди на прошетка низ градот, полн со сеќавања на десетгодишната тешкотија од својата болест.

По четириесеттиот ден веќе можел да оди со многу малку болка која ја чувствувал во својата лева нога.

По шеесеттиот ден, болната нога скоро оздравела и била дури и подобра од десната.

После девет месеци тој бил во одлична форма, и се осеќал како препороден.

Јаките болки во јетрата и простатата која требала да ја оперира пред неколку години исчезнала, така што скоро и да не се сеќавал дека таа постоела. Радоста во животот му била повторно вратена благодарејќи на чудотворното дејство на нигарито!

Магнезиум хлоридот го одзема калциумот кој не е на правото место, бидејќи се таложи во зглобовите, така што создава нормален проток на крвта, и притоа крвниот притисок се стабилизира. Нервите стануваат посмирени, а вие се осеќате подобро така што мислите појасно, имате подобрување на помнењето и концентрацијата, крвта станува потечна и се повеќе се чисти.

 

Начин на подготовка: Зовријте еден литар вода и оставете ја да се излади. Во стаклен сад ставете 33гр магнезиум хлорид (го имате достапен во сите аптеки како и продавници за здрава храна) и прелијте го со веќе изладената (1л) вода. Добро затворете го садот и протресете го. Вака приготвениот напиток чувајте го на собна температура.

Препорачана дневна количина: Мала шоља за кафе, но зависно од проблемот на болеста и староста на личноста.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0