За здрав почеток на денот – грст АРОНИЈА

Дали денот да го започнам со едно јаболко, лажичка мед, цеден сок од лимон или пак со грст аронија? Листата на здрави продукти со кои нутриционистите ни препорачуваат да го започнеме денот е долга, но сепак наша препорака би била денот да го започнете со еден грст АРОНИЈА.

Бобинките од аронија содржат повисоко ниво на антиоксиданти од брусницата, боровинките, грозјето, и повеќето други овоштија. Студиите покажуваат дека антиоксидантите помагаат во намалување на ризикот од карцином, срцеви заболувања, разни воспаленија, дијабетис, бактериски инфекции и невролошки заболувања кај луѓето. Тие исто така го забавуваат процесот на стареење.

 

Во продолжение, погледнете ја табелата која ни покажува споредба на моќта на антиоксидантите кај различни видови бобинки. На прво место е секако аронијата, а потоа на пониските нивоа се вбројуваат брусницата, боровинките, калинката, јагодите, црешите, гоџи бобинките, и останати.

Аронијата има ниска калорична вредност но дава добар нутриционистички удар на организмот, бидејќи е богата со растителни влакна, витамин Ц и манган. Само една унца (28 грама) од аронија ни ги дава следните хранливи материи:

  • Калории: 13
  • Протеини: 2 грама
  • Маснотии: 0
  • Јаглехидрати: 12 грама
  • Влакна: 2 грама
  • Витамин Ц: 10% од дневна вредност (ДВ)
  • Манган: 9% од ДВ
  • Витамин К: 5% од ДВ

Овие бобинки исто така не снабдуваат со фолат (особено значаен за мајката и плодот во текот на бременоста), витамин А и витамин Е.

 

Аронијата може да се јаде во повеќе форми, од која секако најпрепорачлива е во сирова односно свежа форма, но може исто така да ја комбинирате во разни сокови, џемови како и разни печива. Храна и пијалоци во кои може да се употреби аронијата ги вклучува: мафините, разните пити, колачиња, вино, џем, чај или пак сок.

Внесете ја аронијата во секојдневната исхрана и очекувајте подобрување на вашето здравје и воедно имунитет многу набрзо. Сепак за здравјето се работи.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0