Свежо цеден СОК од ПОРТОКАЛ е како да сте изеле 3 КРОФНИ?

Има ли нешто поубаво од тоа студениот зимски ден да се започне со една голема чаша свежо цеден сок од портокал, богат со витамини и минерали, кој добро ќе ве освежи и спреми за работниот ден кој е во најава? Секако дека нема, особено што ова овошје токму овој период го има насекаде околу нас и тоа во изобилие.

Но, колку и да е здрава и вкусна оваа утринска „бустер“ доза, сепак треба да имаме во предвид неколку факти со кои можеби и не сме запознаени, а кои се однесуваат на количеството на шеќери кои можат да влијаат на наше „несвесно“ дебелеење, токму од овој витамински еликсир.

Пијалокот за кој повеќето од нас мислат дека е здрав, всушност содржи 36 грама шеќер по чаша, што е отприлика исто како да сте изеле 3 големи крофни! Затоа, доколку се воздржувате од овие слатки задоволства со чоколадна глазура, тогаш размислете дали истото треба да го направите и со сокот од портокал.

Притоа, шеќерот во овој сок е главно фруктоза, прост шеќер кој го има во овошјето и кој лесно се апсорбира во телото, а се поврзува со салото на стомакот. Имено, студиите ја поврзуваат големата конзумација на фруктоза со опасното сало околу стомакот, но и со инсулинската резистенција. Едно поново истражување предупредува и за опасноста од премногу внесување на фруктоза бидејќи може да води кон метаболички синдром – кој вклучува комбинација од состојби како што се висок крвен притисок, хипергликемија, вишок телесни масти депонирани околу половината и енормно високи нивоа на холестерол и триглицериди.

Сепак, тоа не значи дека овошјето не треба да се јаде бидејќи има фруктоза. Тоа е богато со антиоксиданти кои се борат против опасните слободни радикали, имаат доста влакна, витамини и минерали. Доволно овошје во исхраната, и покрај фруктозата, гарантираат витка линија и намалување на ризикот од дебелеење.

Стручните лица веруваат дека клучната врска помеѓу овошјето и слабеењето се – влакната. Кога јадете цело свежо овоштие, за разлика од сок од портокал на пример, добивате доста влакна, кои ќе ве заштитат и во исто време ќе го успорат варењето на овошниот шеќер во вашето тело, кое е всушност тоа кое го спречува порастот на шеќерот во крвта.

Наравоучение: Повеќе грицкајте свежо овошје, наместо да го внесувате како сок! Ем сити, ем вити 🙂

Здравјето пред се.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0