Најдобар појадок за јакнење на имунитет

Ние сме она што го јадеме. Здравјето најмногу од се зависи од храната која ја внесуваме, здравите навики кои ги практикуваме и целокупно здравиот начин на живот кој сами избираме да го живееме. Според експертите од оваа област, здравиот појадок е всушност главната бариера која стои помеѓу нас и болестите кои не опкружуваат. Одбраните намирници на почетокот на денот го јакнат нашиот имунолошки систем кој потоа се бори против инфекции, вируси, бактерии и настинки.

Најдобриот појадок воопшто не мора да биде сложен, напротив тој треба да ги содржи само клучните намирници, како што се овесните снегулки, ореви, семки, боровинки, цимет.

Овесна каша

Добар дел од нашиот имунитет, околу 70%, доаѓа од нашите црева и доста зависи од здравјето на стомачната микрофлора. Имено, влакната во намирниците како што е овесот ги хранат добрите бактерии, кои го поддржуваат имуниот систем, но и ги контролираат лошите бактерии. Сложените јаглехидрати исто така го обезбедуваат утрото со стабилен извор на енергија која бавно согорува, така што добар дел од денот не држи сити.

Притоа, особено важно е да изберете обична овесна каша, бидејќи оние кои се со разни вкусови се всушност полни со дополнителни шеќери.

Ореви и семки

Овесната каша која ја земате за појадок можете да ја помешате со семки од тиква, ореви или чиа семе. Ваквите плодови и семки се добар извор на микронутриенти како што се железо, цинк и магнезиум, кои играат централна улога во јакнење на имунитетот.

Студиите покажуваат дека железото и цинкот се клучни за развој на лимфоцитите така наречени Б-ќелии кои се посебни единици за одбрана на имунолошкиот систем од бактерии и вируси. Доволниот внес на магнезиум е исто така добар потег бидејќи овој минерал го активира витаминот Д во телото како би се зајакнал имунитетот.

Студиите исто така покажуваат дека зголемувањето на нивото на магнезиум и витамин Д може да помогне на заболените од Ковид да се изборат против овој вирус. Исто така овие намирници спаѓаат во здрави масти кои го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилен, кој е важно да се држи под контрола бидејќи неговиот вишок може да го поремети имуниот систем, особено кога шеќерот во крвта е хронично висок.

Важно е да се знае дека почетокот на денот исполнет со доручек со стабилно ниво на шеќер во крвта може да ја намали веројатноста дека во текот на денот ќе посакате да каснете нешто благо, кое би можело да води кон дебелеење.

Боровинки

Ова моќно овошје е преполно со антиоксиданти за јакнење на имунитетот, вклучувајќи го и познатиот штит од болести – витаминот Ц. Повеќе студии ги ставаат боровниците во намирници со исклучително високо ниво на антиоксиданти, соединенија кои ги штитат ќелиите од оштетувања кои создаваат молекули кои ни се познати како слободни радикали.

Цимет

Само малку наросете со врвот на прстите врз оваа вкусна овесна каша и ќе добиете исклучително вкусен оброк. Но, циметот прави и многу повеќе за оргазнизмот. Докажано е дека тој поседува инфламаторни својства и исто така помага во смалување на шеќерот во крвта.

Зелен чај

Овој вкусен и здрав доручек можете да го надополните со една топла шолја зелен чај, кој е полн со соединенија кои содржат антиоксидантни, антимикробни и антиинфламаторни својства, кои ни обезбедуваат заштита од инфективни агенси со зголемување на корисните имунолошки клетки кои се борат против инфекциите.

За оние кои не се љубители на овесна каша … Доколку преферирате пополни вкусови и не сте љубител на овесна каша, можете да зготвите изматени јајца со разнобоен зеленчук како спанаќ, црвени пиперки, лук и печурки. Исто како моќната овесна каша, овој вкусен оброк ќе ви даде богата мешавина од сложени јаглехидрати, влакна, протеини и масти за добра енергија и регулиран шеќер во крвта.

Здравјето пред сè.
Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0