11 октомври 2024
Здравјето пред СЕПоследно

ЧАЈ кој за 10 минути докажано ја смирува кашлицата

Навидум обичен лист кој се користи како зачин но и како украсно растение, често употребуван и во медицината, со сјајни и кожести лисја долги околу 7 до 10 см,  е секако ловоровиот лист. Нашите баби со причина ставале ловоров лист во јадењата, колку поради шмекот кој го добива целото јадење, така и поради неговите лековити својства.

Листовите од ловор имаат многу ароматичен, горчлив и силен вкус. Свежите листови содржат витамини А, Ц и витамин од Б комплексот. Меѓу присутните минерали се калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.

Чајот од ловоров лист е одличен како лек против сите видови кашлица, и сува и мукозна, бидејќи делува смирувачки на слузокожата на грлото и душникот.

По само една шолја чај, кашлицата престанува за десет минути, проверено.

Еве го и рецептот:

  • 2,5 дцл вода
  • 4-5 листови ловор
  • пола лимон
  • лажичка мед

Доколку не сакате било кој од останатите состојки, сосема доволни се ловорот и водата.

Во тенџере се ставаат сувите или свежи ловорови листови, се налева ладна вода, се доведуваат до вриење и се варат 4-5 минути.

Оставете го чајот покриен уште 10 минути, процедете го и додадете ги состојките по ваш избор (мед или лимон). Пијте умерено топол чај во мали, но чести голтки.

Можете да пиете до еден литар од овој чај дневно.

Забелешка: Бремените жени треба да избегнуваат ловор бидејќи може да предизвика несакани ефекти. Иако нема доволно информации околу неговата безбедност доколку сте бремени или доите, препораката од научниците е да си стоите на безбедната страна и да избегнувате негова употреба.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0