Правилен АМАЗОНски потег на еден вистински лидер – Џеф Безос
Позицијата првенствено значи моќ и профит, но и искачување по општествената скала на успехот и напредок во работата. Џеф Безос, човекот кој тежи „само“ 196 милијарди долари, денес испрати порака до своите вработени со кои ги известува дека ја напушта својата долгогодишна позиција на извршен директор и дека на негово место го именува неговиот колега Енди Џеси, кој во моментов е директор на Амазон веб сервисот.
Многумина од вас можеби ќе се замислат и зачудат зошто некој кој е на таква одлична позиција би решил да ја напушти и воедно отстапи на некој друг. Да не заборавиме, тој во само еден ден во 2020 година заработи рекордни 13 милијарди долари! Причината поради која тој ја донел оваа одлука е ПОТЕГ НА ВИСТИНСКИ ЛИДЕР, потег кој ги одликува прогресивните водачи кои секогаш гледаат чекор понапред, кои знаат точно кога е вистинскиот момент за промена!
Во неговото обраќање тој вели дека денес Амазон вработува 1.3 милиони талентирани и посветени луѓе, и им служи на стотици милиони клиенти и бизниси, со што се широко признаени како една од најуспешните компании во светот. Сето тоа се должи на ИНОВАТИВНОСТ! Иновативноста е корен на успехот на Амазон! Тој вели дека направиле ЛУДИ работи заедно, но потоа ги направиле НОРМАЛНИ 🙂
Немојте ни на момент да помислите дека тој се пензионира! Никако, па тој допрва почнува. Тој всушност прави транзиција од неговото досегашно место на местото на Претседател на Извршниот Одбор. Тој вели дека како претседател на одборот ќе ги насочи своите енергија и внимание на нови производи и иницијативи! Да се биде извршен директор на Амазон вели дека носи голема одговорност но и одзема многу време, поради кое не е во можност да обрне внимание на нешто друго, притоа мислејќи на иновациите кои се клуч на успехот на оваа гигантска компанија!
На крајот на писмото тој вели: „Продолжете со иновациите и не очајувате кога на почетокот идејата изгледа лудо. Не заборавајте да талкате. Нека љубопитноста биде вашиот компас.“
Запомнете дека колку и добро да ви оди во моментов, секогаш може и подобро. Сонувајте, остварувајте и поставувајте си секогаш повисоки цели, затоа што она што во моментов ви изгледа тешко и неостварливо, откако ќе го исполните ќе видите дека тоа било само една обична смешка. Поставувајте нови врвови и секојдневно качувајте се чекор погоре, бидејќи како што рекол Грант Кордон: „Каменот што се тркала не собира мов.“