15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Неверство – неопходност или тренд на денешницата

Се повеќе сме сведоци на неверства, растурени бракови, блуд и разврат на секој чекор. Извадени бурми, скриени погледи, задоволства за една ноќ, а можеби и за повеќе. Посакување на туѓото, немање обзир кон минатото и сегашноста, светоста на фамилијата, децата, иднината во целост.

Љубовта доаѓа во толку многу форми и облици, таа е сеприсутна и го бои нашето секојдневие во најразлични нијанси. Љубов кон и од природата, сонцето, ветрот и дождот, ноќта и ѕвездите, љубов кон музиката, љубов кон танцот! Љубовта е бесконечна и не се ограничува само на љубов помеѓу партнери.

Дали можеби поради недостаток на љубов од партнерот се тргнува кон неверство?

Не! Неверството не доаѓа во пакет со љубовта. Краткотрајна страст, секс, без чувства, без очекувања, без иднина. Но што исполнува вашето неверство? Ви ја исполнува душата ли? Посреќни ли сте после тој чин? Кога ќе се вратите дома кај брачниот другар сте со розеви очила, па додавате некоја чудесна магија на монотоното секојдневие? Повеќе го сакате партнерот после тоа или едноставно не ве засега ништо околу вас бидејќи сте „исполнети“?

Може да бидете исполнети ако направите нешто добро за себе. Да вложите во себеси, во градење на вашата самодоверба, раст на вашата енергија, на вашиот интелект за промена. Верувам дека тогаш би биле и посреќни и поисполнети, наместо после еден обичен чин на безначаен секс.

Дали монотонијата во бракот навистина може да добие друга димензија поради неверство?

Не! Монотонијата останува монотонија, како што и партнерот ќе остане тоа што бил. Само вие ќе станете заробеник на интриги, сплетки, разно разни завери и тајни. Но која е магијата во тоа?

Вас ве прашувам? Има ли некаква невидена убавина за која не сме свесни, која го оплеменува вашето секојдневие или станува збор за едноставно празнење на „празни“ емоции?

Светот стана едно чудно место на измешани брзини. Отворени врски, отворен брак. Секој со секого. Не се знае кој јаде, пие и со кого спие. Каде исчезнаа чесноста, достоинството, почитта, разбирањето и разговорот?

Дали ова е само почеток на крајот на институцијата наречена „брак“ … и сакаме ли тоа да се случи?

Тера на размислување, нели … а сега собирај си ги парталите и излегувај, дека жена ми секој момент ќе дојде! Ајт!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0