Бидете ОПСЕДНАТИ или бидете ПРОСЕЧНИ
Еден интересен наслов, на една уште поинтересна книга од авторот Грант Кардон – писател, мотивациски лидер, претприемач, експерт за продажба и инвестирање во недвижнини, милионер на кој имотната нето вредност деноноќно расте.
ОПСЕДНАТ, колку тоа грубо звучи. Но ако го преведеме со други зборови, тоа би значело да си обземен, занесен, преокупиран со нешто, или благо речено – целосно посветен. Можеби звучи нападно и „ненормално“, но од друга страна кога земате да правите нешто свое, да градите свој бизнис од почеток, верувајте дека ќе бидете внесени со цело срце, душа и тело, 24/7, посветувајќи го секој миг на работа, идеа, подобрување, ширење. Во тој контекст зборот и те како е оправдан.
Но колку тоа ОПСЕДНАТ и да звучи грубо, не постои нешто попоразително од тоа да си ПРОСЕЧЕН! Тоа е да се биде обичен наместо уникатен, да бидеш на средина наместо да целиш кон врвот, да одржуваш статус кво, да не сонуваш, а со тоа и да ризикуваш да не се себереализираш.
За да поттикнеме на размислување околу опседнатоста и просечноста, ви издвојуваме неколку подвлечени цитати од оваа книга:
„Луѓето што се обидуваат да ве убедат да се откажете не се обидуваат да ви помогнат, тие сакаат да објаснат зошто самите се откажале.“
„Будете се и заспивајте фокусирајќи се на своите цели. Запишете ги секое утро и читајте ги секоја вечер, се додека не станат дел од вас. Откако ќе ги усвоите, сè околу себе ќе гледате како средство за нивно остварување.“
„Помалку ќе се осудувам доколку во нешто потфрлам, отколку што би си префрлал доколку никогаш не сум се зафатил со тоа.“
„Живеам според изреката: „Доколку сте најуспешната личност во просторијата, тогаш сте во погрешна просторија.““
„Луѓето се гладни за одмор бидејќи веруваат дека „слободното време“ ќе ги обнови. Единственото нешто што ве обновува е освежувањето на вашата цел. Тоа е причината што толку успешните луѓе не гледаат на работата како на работа. “
„Гарантиран показател дека сте на вистинскиот пат дека успевате е стекнувањето и имањето хејтери. Ваша работа не е да се согласувате со хејтерите. Не треба ни да се ослободите од нив ни да се справувате со нив. ХЕЈТЕРИТЕ СЕ ВСУШНОСТ ВАШИТЕ НАЈДОБРИ ПРОМОТОРИ. Тие бесплатно ве промовираат за сметка на своето време и енергија. И запомнете, кога хејтерите мразат, тие не создаваат ништо… освен повеќе за оние што се предмет на нивната омраза.“
„Да се води опседнат живот подразбира постојано движење во насока на вашите стравови и можности.“
„Луѓето не купуваат цена, тие го купуваат производот, решението, луѓето и компанијата.“
„Крајната додадена вредност сте вие.“
„Бидете упорни и еден ден ќе бидете совршени. Потоа бидете уште малку упорни и ќе откриете дека она што сте го сметале за совршено било жива смешка.“ 🙂
„Невозможно е да се живее без да потфрлите во нешто, освен ако не живеете толку претпазливо што можеби воопшто и не сте живееле – во тој случај, и вака и така сте потфрлиле“.