11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали ќе се преиспита одлуката за носење МАСКИ во училиште?

Учениците кои школската година ја започнаа во училишните клупи први ја осетија маката која ја носи овој невидлив непријател кој не не остава нормално да го живееме животот. Социјално дистанцирање и постојано носење маски на часовите се дел од мерките кои Владата ги донесе со цел безбедно отпочнување на регуларната оф-лајн настава. Револтирани родители, уморни дечиња, а коментарите од сите страни никако да стивнат. Дали почетокот на учебната година набрзо ќе го најави и нејзиниот крај?

Првите впечатоци не се така сјајни како што многумина очекуваа да бидат. Преку антисоцијализација и дистанцирање од другарчињата ќе се помине некако, бидејќи истите дечиња се надвор по парковите скоро секој ден заедно, но дали ќе може да се премине преку задолжителното носење на маска во затворен простор секој ден по неколку часа на ден? За тоа допрва ќе видиме.

Ние како родители сме исто така приморани да ги носиме маските на нашите работни места. Како вие се чувствувате после неколку часа покриени со маска, или на секои 15 минути излегувате да земете чист воздух и да го тргнете тоа парче ткаенина од себе? Епа исто им е и на децата.

Едно е сигурно, он-лајн настава за првите неколку одделенија не е возможна! Секој родител не е учител, бидејќи не знае и не умее тоа што наставникот го учел на факултет да го спроведе кај своето дете. Второ, не секој родител може да биде ослободен од работа, макар и Владата тоа да го наложи (оние кои се вработени приватно знаат за што зборуваме), како би останале дома да им помогнат на своите деца. И трето, не секој родител е авторитет, како што тоа може да го има наставникот, кој кога ќе каже тоа и ќе се направи.

Значи физичко присутво мора да има и тоа БЕЗ МАСКИ!!! Кога Владата, државата и полицијата ќе го запрат ЛУДИЛОТО кое владее низ цела Македонија, журки во полн ек, преполни кафичи, кафани, дискотеки, лумперај до сабајле без почитување на никакви мерки, е тогаш ставете ги децата со маски во училиште! НЕМАТЕ ПРАВО во спротивно тоа да го барате од најмалите кои ни криви ни должни се изложени на овие мерки! Тие секако ќе послушаат тоа што родителот ќе им наложи, но зошто мерките да важат само за нив кога цела држава е башибозук!?!

МЕРКИ ЗА СИТЕ или ЖИВОТ БЕЗ МЕРКИ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0