Со само еден потег можеме да станеме Швајцарија!

Од како постои Македонија таа е во рацете на разни криминогени групи, со разни проникливи, конструктивни идеи за тоа како повеќе да се украде, кои не само што учат едни од други, туку и се надградуваат во идните арамиски потфати. Од сомнителни приватизации, растури па продај, до споменици на кои никако да им се погоди местото, галии, фонтани, палми, мерцедеси …. листата нема крај. Е сега замислете пред некој да одлучи да направи или купи такво нешто, секако со буџетски пари или кредити од разни меѓународни банки и институции за кои ќе враќаат и нашите правнуци, ние, НАРОДОТ, да имаме МОЌ ДА КАЖЕМЕ СТОП! Одговорот е едноставен:

Македонија да воведе швајцарски модел на референдум!

Тоа подразбира нов модел на комуникација, поточно еден вид на отворен механизам на политички дијалог помеѓу парламентот и гласачите. Прво народот ќе одлучи дали се сложува или не, па потоа пратениците ќе дигнат два прста во парламентот. Главната цел на овој модел не е за секое прашање да се изразува ставот преку референдум, напротив, прво се седнува на маса како би се постигнал договор помеѓу иницијаторите на референдумот и парламентот, кој доколку се исполни тој нема да има потреба да се одржи.

Како пример ќе ги земеме палмите во Македонија кои многу „неславно“ завршија. Буквално пред наши очи со цел памет купија ПАЛМИ ВО МАКЕДОНИЈА ееееееејјјјј, „поштено“ по 500 евра од дрвце, за да се осеќаме ко на Хаваи. Голи и боси, ама битно да држиме чекор со светската мода на природата. Сакате палми, нема проблем. Ајде да се изјасни народот на референдум дали сакаме палми. НЕ САКАМЕ! И така нема да се купат. Поедноставно здравје. Сакате да крадете, епа НЕ МОЖЕ!

Швајцарскиот модел звучи многу интересно и може да спречи мал милион активности во Македонија. Дали сметате дека треба да се воведе ваков модел во Македонија? Дали може заедно да го спречиме уништувањето и крадењето кое ни се прави пред нос? Ја сакаме ли доволно Македонија за да ја земеме во наши раце? Дајте конструктивност, дајте дијалог, дајте заедно да направиме нешто.

За иднината се работи!

Мартин

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0