11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали сега знаете колку значи вашата СЛОБОДА?

Дали сега гледате, чувствувате и осознавате од колкава важност е вашата СЛОБОДА? Слободата на движење, слобода на изразување, на информации, на љубов, слободата на живот? Вака изгледа кога некој ќе ви ја одземе. Очајно, ужасно, хорор. Денес сме само сабота. Уште цели два дена. Ќе издржиме. Некако.

Не е ова вонредна состојба, не ни враќа природата за стореното, бидејќи да можеше да ни врати имаше да не збрише од лицето на земјата многу одамна. Ние сме криви за оваа ситуација. Човекот е виновен. Неговата алчност, желбата за повеќе, желбата за моќ, за пари, за повеќе пари, за неброено богатство притоа не гледајќи за другиот до себе, за ближниот, за љубениот, бидејќи најважен е сопствениот џеб кој треба да е полн.

Луѓе газат преку луѓе, преку човечки животи за да го наполнат својот паричник. Тие не слушнале за душа, за емпатија, за карма!

Како стигнавме до ова дереџе? Како станавме толку злобни, толку зависни од пари, моќ, внимание? Каде исчезна љубовта, сограѓанството, нашиот соживот по кој бевме надалеку познати?

Ние сме во домашен притвор уште многу одамна, само не сме „свесни“ за тоа. Зарем заборавивте на загадувањето, кое за жал сеуште трае и е во полн ек? Па ние со денови и месеци не излегувавме од нашите домови поради отровниот воздух кој можевме да го видиме и да ја помирисаме неговата токсичност која ги сечеше нашите грла и ги труеше нашите бели дробови. Истото зло предизвикано од високите „врвови“ и „класи“ на граѓани кои врз нашите грбови и животи ги полнеа и сеуште ги полнат своите џебови.

Што продаден народ ќе бевме, та за една мизерна плата, за еден непристоен живот, за една трула пензија која се троши на лекови по аптеките наместо за шетање по светот, ја продадовме душата на некојси политичар, на некоја влада, на нечесни, безобѕирни, заслепени од пари и моќ, обични грешници а во нашите очи спасители? 

Од што ќе ве спасат овие никаквеци кои полека ни ја одземаат слободата, нашето основно човеково право кое сме го добиле со нашето раѓање? Слобода на изразување немаме одамна. Само платени медиуми, навиени новинари кои читаат од дадени текстови пред себе, наместо да ја почувствуваат жарта која новинарството го носи со себе. Слободата на говор? Излезете да кажете нешто против некого ако можете, има да ве нема. Ќе ви го земат бизнисот кој сте го граделе во своите две раце, ќе ве затворат како последни криминалци, ќе ве уништат како да сте никој и ништо. Луѓе убиваат други луѓе па не одговараат за тоа, а не па за еден чист воздух сме запнале. Пф!

За ќотек сме. Затоа што дозволивме да бидеме безгласна буква, продадена за трошки леб и уште да се заблагодаруваме за истите и да оддаваме длабок наклон на тие што ни дале трошки, бидејќи можело да биде уште полошо! Кога се даде предлог за да се земе од џебот на администрацијата, одма сите се кренаа и викаа како тоа ќе се земало од нивните мизерни и ниски плати. Па во право се, мизерни се, ама не само нивните плати, туку и самите тие, што се крстат во партијата како да е некоја светост!

Разликата е во тоа што сега сме заробеници на големците на глобално ниво, кои имаат некоја фина (за нив) замисла. Дали е финансиска криза низ целиот свет, дали е поставување 5Г, дали се федералните резерви на Трамп или нова вакцина и бум во фармацевската индустрија само они си знаат! Ние само читаме и нагаѓаме.

Поентата е дека нема некој поголем од нас на овој свет. Сами свесно сме им ја дале својата слобода на политичарите и власта на Македонија, сами треба и да им ја одземеме! Па сигурно некој Груевски, Заев, Мицко, Трицко и уште не знам кој е поголем од самите вас. Па сите тие ги полнат џебовите преку празнење на нашите џебови. Кога ќе го сфатите тоа? Им ја продаваме душата за ситни пари, на сметка на нивните желби и „потреби“.

Време е не да кажеме, туку да извикаме ДОСТА ТИРАНИ ЕДНИ! Дајте ни слобода! Дајте ни живот!

Затоа што СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА! Дајте да си ја повратиме!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0