15 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Проштавај и нека ти е простено

Како јад на срцето,

како чемер на душата,

туѓиот збор не нагризува,

не полни со триста неубости,

ни ја зема среќата,

ни ја црни мислата.

Проштавај.

 

Ослободи се од невидливите окови,

кои натежнале џоа прангии исконски.

Осети ја топлината и убоста на мислата чиста.

Проштавај.

 

Но не заборавај да побараш прочка од ближниот.

Луѓе сме, безгрешни секако не сме.

Но човечки е да се прости и прочка да се бара.

Проштавај искрено.

Проштавај постојано.

Прости на другиот.

Прости си на себе.

 

Вечниот сонувач

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0