За здраво тело – ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ на дело!

Веројатно сте слушнале за некои од придобивките кои ги дава јаболковиот оцет – антички пијалок кој придонесува за вашата благосостојба, а е создаден преку ферментирање на јаболка. Тука се вбројуваат намалување на шеќерот во крвта, помагање при губење на тежина, смирување на акни, помош за добра дигестија, па дури и јакнење на вашиот имунолошки систем.

Можеби веќе имате одлучено дека сакате да искористите некои од овие здравствени придобивки за себе и сакате да почнете да земате јаболков оцет секој ден од денес па натаму. Ние секако сме навикнати да го употребуваме во здравите свежи салати, но овојпат ќе ви предложиме да го земате како краток пијалок за добар почеток на вашиот ден.

Јаболковиот оцет не содржи никакви витамини, но е богат извор на амино киселини и антиоксиданси. Нутритивните вредности во 15 ml  или една лажица јаболков оцет се следните:

Вкупни калории – 3Kcal/13KJ
Јаглехидрати – 0,1 g
Шеќер – 0,4 g
Калиум – 11 мг
Натриум – 5 мг
Калциум – 1 мг
Магнезиум – 1 mg

 

Ова се најчестите прашања кои се поставувани во однос на јаболковиот оцет, неговиот внес и секако придобивките од него:

  • Дали може да се пие јаболков оцет секој ден?
Апсолутно да. Всушност, многу клинички студии кои биле спроведени за ефикасноста на јаболковиот оцет вклучувале учесници кои го конзумирале секој ден. Постојат некои размислувања за кои треба да внимавате, како што е времето од денот кога го пиете. На пример, не е препорачливо да пиете јаболков оцет навечер, ако имате горушица или рефлукс на киселина. Тоа значи враќање на желудочната содржина назад од желудникот кон хранопроводот. Притоа имате осет на гребење и жарење во хранопроводот, кој дополнително може да предизвика кисел или горчлив вкус во устата, повраќање, жарење на јазикот, па и лош здив. Затоа препорачливо е тој да се конзумира наутро и тоа на гладно.
  • Колку јаболков оцет треба да пиете дневно?
Повеќето студии се засноваат на мала доза до 2 лажици јаболков оцет дневно. Поради оваа причина, возрасните не треба да ја надминуваат оваа количина, бидејќи ефектите не се соодветно проучени. Ако сметате дека започнувањето со 2 лажици дневно ви предизвикува гадење, можете да започнете со мала количина со ½ лажица дневно, а потоа да продолжите до 2 лажици.
  • Дали секојдневниот внес на јаболков оцет го подобрува здравјето на дигестивниот систем?
Покрај улогата на јаболковиот оцет во регулација на шеќерот во крвта, тој исто така често се истакнува и поради неговите корисни ефекти врз здравјето на дигестивниот систем. Клучно е што тој е извор на пробиотици, кои се корисни бактерии и придонесуваат за здрав цревен микробиом. Пробиотиците го поддржуваат варењето и можат да ја подобрат апсорпцијата на хранливи материи во организмот.
  • Дали јаболковиот оцет го намалува ризикот од камења во бубрезите?
Научно е докажано дека јаболковиот оцет го подобрува здравјето на цревата преку елиминирање на токсините, бидејќи тој има дејство на пробиотик. Овие токсини инаку се таложат во бубрезите, што доведуваат до камен во бубрег во повеќето случаи. Јаболковиот оцет во овој случај, ја подобрува способноста на телото да ги обработи сите вишок минерали и токсини.

Најголемиот дел од испитувања на консумирањето малку јаболков оцет наутро утврдиле дека тој му помага на телото подобро да се справи со шеќерот во крвта, помага во регулирање на дигестивниот систем и прави подолго време да се чувствувате сити.

Затоа оставете го кафето за подоцна, и за промена започнете го денот со една лажица здрав јаболков оцет.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0