Како да го употребите ТАЛОГОТ од КАФЕ

После вкусното утринско кафе, шолјите се мијат, талогот се фрла и започнувате со секојдневните обврски! Време е за промена. Еве неколку причини зошто не треба да го фрлите талогот од кафе:kako-da-go-upotrebite-talogot-od-kafe-interesni-fakti-1

  • Ако сте љубители на хортензии, талогот од кафе ќе ви помогне да им ја промените бојата. Хортензиите имаат реакција на промена на PH вредноста, а додавањето на талог од кафе во земјата каде е нивниот корен го намалува, така што бојата може да се промени во сина.

  • Сопствениците на кучиња често имаат мака со болви кај нивните миленичиња. Болвите можете темелно да ги истребите ако при бањање на вашето куче во шампонот додадете лажичка кафе.
  • Доколку имате дрвен мебел, со тек на време тој може да биде изгребан. Освежете го така што во него ќе втриете паста за полирање, талог кафе и топла вода.
  • За време на готвење и сечкање на лук или кромид, мирисот останува на рацете. Од него можете да се ослободите така што ќе ги истриете рацете со талог кафе, и потоа ги измиете со млака вода.

kako-da-go-upotrebite-talogot-od-kafe-interesni-fakti-7

  • Подочниците се голем непријател на секој човек (особено на жените), а од нив можете да се ослободите така што во нив ќе втриете малку талог кафе и ќе оставите да отстои. Кофеинот кој се наоѓа во талогот од кафето ќе ја разбуди вашата кожа и ќе ја подмлади.
  • Талогот од кафе е исто така совршен за пилинг на кожата. Применете го така што ќе го помешате со лажица мед.
  • Доколку имате проблеми со мрсна коса, можете да си помогнете така што при миење на косата во вашиот шампон додадете талог од кафе и потоа темелно ја измиете. Талогот исто може да го комбинирате и со регенератор, само бидете внимателни доколку имате светла коса, како истата не би потемнела.
  • Мравките често знаат да бидат несакани гости во вашето домаќинство. Од нив можете да се ослободите така што на местата каде се збираат ставите малку талог од кафе.
  • При миење на садови, талогот од кафе може да ви биде од голема помош бидејќи темелно ќе ги отстрани сите маснотии. Затоа нареден пат искомбинирајте го со средството за миење садови.

kako-da-go-upotrebite-talogot-od-kafe-interesni-fakti-5

На здравје.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0