Тамара Тодевска – вистинскиот македонски ФЕНИКС

Случајно на телевизија ја пуштија евровизиската песна „PROUD“ на една од нашите најпознати пејачки со ангелски глас – Тамара Тодевска, и се осетив колку сум всушност ГОРДА што таа е дел од нашето македонско ѕвездено небо, што токму нејзините песни и нејзиниот глас ја збогатуваат нашата музичка ризница која остава белег на државата, на луѓето и најмногу од се што придонесува за нивно зближување, разнежнување и дава пријатно чувство на љубов и заносна енергија.

Пуштете ја песната да се потсетите за што ви зборувам …

https://youtu.be/Sw-NQ1a1zZ0

 

Тамара отсекогаш била и ќе остане еден пријатен и ведар насмеан лик, кој плени со својата енергија и допира и до најтврдокорните срца со својот глас и појава. Зракот на позитива кој го носи е вртоглаво „заразен“ и може да ве доведе до состојба на добро расположение и да предизвика насмевка на вашите лица. Страшно нели!

Но да се потсетиме што всушност се случи. После огромниот успех на Евровизија со песна која ги допре срцата на целиот свет, момент на слава кој требаше да ја вивне до ѕвездите и втурне во светските музички води, каде всушност и е местото, еден дел од народот полн со омраза и отров во срцето и приреди вистински хорор, кој моментот на возвишување го претвори во солзи, очај и тага. Но тоа не беше намерно изведено за да се сруши името на Тамара, иако директно или индиректно токму тоа се случи. Не, тоа беше само бран на омраза игран на националистичка карта за да се посее горчина и гнев низ народот, една обична политичка игра на подгревање на ниските страсти на овој веќе одамна напатен и измачен народ.

Дали сте приметиле дека низ народот подобро поминува омразата, нетрпението и лошиот збор, отколку добрината, чесноста и убавиот збор? Кој ни го наметна тоа? Кој ја всади таа нишка на отров во нашите души, та наместо пријателски и домаќински народ не претвори во една напната, нервозна бомба која отчукува и секој момент може да пукне?

Среќа што повеќето од нас се посилни и поголеми од тоа. Не дозволуваме да потпаднеме на ниските страсти и прљавата игра која ни ја сервираат, туку сеуште веруваат во доброто во човекот во кој одамна тоа го виделе, како што е случајот со Тамара, во нејзината чесност, добрина и песната која безвремено не носи низ генерациите, не полни со убавина и е нашиот природен лек на душата.

Ова е Тамара:

 

Тамара ја научи лекцијата, и се издигна од пепелта како феникс бидејќи е жена, мајка, кралица и тоа што го носи во себе, таа сјајна ѕвезда која Бог и ја дал, никој на земјата не може да и ја одземе.

Тамара, ти посакуваме најпрво здравје, љубов и семејна идила, и таа заносна насмевка да не грее уште многу низ времето, зачинета со добра песна и опивна позитивна енергија. Ако некој заслужува светска кариера, тоа си ти, и од срце ти посакуваме што поскоро да ти се остварат и најлудите соништа, а црвениот тепих и преполните сали, стадиони и концерти да ти бидат секојдневие.

Туку ние сме расположени за еден концерт … Што велиш на тоа?

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0