Вака се дарува за денот на вљубените
Уште некој ден не дели од денот на виното и вљубените (во виното). Чаша квалитетно црно вино, тивка вечера покрај свеќи, музика за мерак и љубовта покрај тебе. Толку.
Некое подароче никогаш не е на одмет, особено ако изнуди насмевка од другата страна. Секси долен веш за неа а богами и за него, букет цвеќе или една грандиозна црвена ружа, нешто благичко фино спакувано, часовник, шише вино …
Ако сте повеќе фанки расположени, годинава израдувајте го партнерот со некој уникатен забавен подарок во ваш стил. Честитка која трае вечно, шолја од која ќе се пие во текот на целата година, чорапи кои ќе топлат во ладните денови … И секако истите испишани со „мудро“ избрани зборови кои ќе го згреат срцето (покрај виното што ќе ви ја згрее душата) и ќе поттикнат понатамошни активности во текот на вечерта. Тука спаѓаат добар филм, прошетка, прегратка и врел бакнеж итн .. а вие на што мислевте???