Дали Македонија треба да прогласи епидемија од грип?

Во полн ек е сезоната на грип, разните инфекции на дишните патишта, бактерии, стрептококи, стафилококи и какви уште не коки! Најпогодени се децата од 5 до 14 години, но тука не се исклучени и постарите лица, како и најмалите кои времето и вирусите ги покосија и ги наполнија здравствените установи.

Најчест вирус низ народот е тој со висока температура до 40°C , што многу тешко и скоро и да не се симнува и до 7 дена, која доколку не се стави итно под контрола може да донесе и други компликации по здравјето на човекот. Школите се полупразни, и градинките исто така. Прашањето е до кој степен треба да дојде вирусот, за државата да треба да прогласи епидемија? Наместо да се спречи, тоа завзема уште поголем замав, а единствениот кој профитира од тоа е секако фармацевтската индустрија. Болниците се полни, во аптеките се чекаат со редици за антибиотици и дополнителни лекови за симнување на температурата.

Еве што ни пиша една мајка која се соочила со истиот проблем:

„Моето дете има 4 години. Во градинка фати стрептокока пиогенес на нос и на грло. ЦРП-то му беше преку 100, бројка што никогаш порано ја немам видено, а ние сме едни од многуте кои го поминаа и коксаки вирусот годинава, каде црп-то беше 20. Човек да се избезуми. Пет дена непрестано имаше температура од 40°C , на која ниту антибиотиците, ниту јаките сирупи за температура не помагаа. Детето ми гореше во раце. Само навечер го туширав три пати, за барем малку да ја смириме ситуацијата. Ништо не помагаше. На крај завршивме на ургентно во Систина, каде чекавме на ред за преглед, еј на приватно чекаш ред, и секако бевме задржани каде неколку дена детето интравенозно примаше инфузија и лекови. После тоа бевме пуштени на домашно лекување со јак антибиотик за да може комплетно да се исчисти (ако воопшто тоа е возможно). Хорор. Да не се повтори!“

Сега чекаме дали надлежните ќе одлучат да се прогласи епидемија на грип или ќе чекаме сонцето да не изненади. Од сите министерства, само страната на министерството за здравство не работи. На вести ништо не се спомнува, како ништо да не се случува. Излез од оваа ситуација, чаре?

Препорака би било да се чувате колку и како можете. Пијте многу течности, чаеви, природни сокови, конзумирајте многу овошје, а по потреба земете и превентивно дополнително витамин Ц или некој сируп за одржување на имунитетот. Избегнувајте колку што можете затворени простории и редовно проветрувајте. Оние кои можат да си дозволат да ги задржат децата да не одат во градинка, нека го направат тоа периодов, за да се заштитат и себеси и своите најмали од болестите кои периодов царуваат насекаде.

Чувајте се и направете го она што сметатате дека е најпаметно за вашите деца и за вас.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0