Есенска модна дегустација

До вчера по кратки ракави, од денес со јакни и чизми … повремено повторно со маички, па капути и волнени топли шалови. Есента е како жена. Променлива до толку што едвај крајот можеш да и го фатиш, наместо едноставно да прифатиш дека не можеш. Носиш чадор затоа што може ќе заврне 2 минути а може и ќе истури 2 саати. Се облекуваш наутро во топли алишта за преку ден да се расоблечеш дека е топло и имаш чувство дека летото се вратило. Не е лето, а не е ни зима. Измешаност на струи, емоции и зраци.

Есента ги носи топлите модни тонови и шари, како што го носи вкусот и мирисот на врелата тиква прелиена со мед, некое зрнце цимет и со по некое оревче од страна. Лелеавите фустани кои се веат на ветрот низ кој се пренесува заносниот мирис на врелите костени кои се печат. Топлите капутчиња кои те греат додека го пиеш топлото чоколадо, чајчето кое мириса на планина или греаното винце со мирис на каранфилче.

Есента заведува со сите нејзини мириси, тонови и бои. Едноставно препуштете и се …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0