СТОП за рушење на Универзална сала! Апасиев помагај!

Колку и да е директен, на моменти дрзок и безобразен, без избрани зборови кои доликуваат на еден доктор на науки и наскоро пратеник, не може а да не се согласиме со коментарот на г-динот Апасиев во врска со Универзална сала, која е една од малкуте кои се бројат на прсти – знаменитости кои се одбележје и дел од историјата на нашиот главен град Скопје.

Еве како тој ја искоментира одлуката која „сеуште се разгледува“, (мижи асан да ти баам), која најверојатно ќе биде и остварена, секако поучени по претходни дела и постапки на лицата задолжени за унаказување на нашиот мил град, нашето „се само модерно не“ асфалтно Скопје.

Г-дине Апасиев, како за прв обид вие добивте голема доверба од страна на народот, кој и самите знаете дека се повеќе уморни отколку револтирани и бесни спрема гардата која со години си прави „на ти го – дај ми го“ на власта, истовремено осиромашувајќи го народот и изобличувајќи ја државата, додека го преполнува сопствениот џеб. Бидејќи влевате некоја искра надеж, особено кај помладите генерации, дајте покажете се во вистинско светло и за почеток кажете ни како со заеднички сили да го сопреме овој бесрамен чин на лудило, за кој веруваме дека преку ноќ ќе се оствари. Нека ова биде наш и ваш заеднички проект со кој ќе зачуваме еден „споменик“ на Скопје, кој и во иднина ќе биде собирно место на уметници, незаборавни претстави и концерти, како што некогаш беше. А народот ќе памти, па ќе врати.“

Драги сограѓани, дајте да реагираме на време, бидејќи сценариото ви е познато од минатото, односно преку ноќ ќе дојде спремна машинерија која ќе го срамни местото со земја и тоа додека сите се на одмор или некој нареден продолжен викенд.  Да не дозволиме ова да се случи. Секој пат започнува со првиот чекор. Дајте да згазнеме цврсто на земја и конечно да кажеме СТОП на ова лудило – полудо од Корона!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0