15 октомври 2024
Здравјето пред СЕ

Што ќе се случи ако од исхраната го исфрлите ЛЕБОТ?

ЛЕБ – вчера, денес, утре … леб јадеме секој ден! На многумина од нас ова е омилениот производ без кој едно јадење не може да се замисли. Меѓутоа, оваа јаглехидратна бомба доаѓа во различни облици од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофални зборови.

Во продолжение погледнете што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната во потполност го исфрлите белиот леб.

                1. Ќе ги изгубите килограмите кои се предизвикани од вишокот вода

Бидејќи лебот е преполн со јагленохидрати, со неговото нагло исфрлање од исхраната доаѓа до губење на килограми. Поточно, се работи за губење на водата која се насобрала во телото. Телото ги складира јагленохидратите во облик на гликоген, млечна киселина која ја собира водата. Секој грам јагленохидрат задржан во телото, задржува и сврзува исто така три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

            2. Нема повеќе да бидете постојано гладни

Белиот леб е преполн со преработени јагленохидрати кои во организмот предизвикуваат брз пораст и скок на шеќерот во крвта кој потоа многу брзо и паѓа. Овие луди промени му испраќаат на мозокот нејасни но брзи сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и желбата за храна, поради што и се дебелееме.

Тоа сепак не значи дека треба комплетно да го исфрлиме лебот од исхраната, туку да се заменат празните калории од белиот леб со оние кои се направени од цели житарки кои го регулираат и балансираат нивото на шеќер во крвта.

            3. Вашата енергија ќе порасне, а варењето на храната ќе се подобри

За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна кои се повеќе од потребни за нормална работа на цревата и варењето на храната. Токму поради тоа таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми.

Со исфрлањето на белиот леб од исхраната и вклучување на целите зрна во секојдневното мени, варењето започнува нормално и со олеснета работа. Исто така, јагленохидратите се храна и гориво за мозокот. Доколку тоа е квалитетно и мозокот работи нормално, без пречки, но ако храната за мозокот не е здрава, тогаш телото реагира негативно, со што се појавува малаксаност и умор.

Здравјето пред се.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0