15 октомври 2024
ПоследноУтринско разведрување

Моменти кои го одбележија продолжениот празничен викенд во Охрид

Двојна добивка беа деновите кои се зад нас, ем празник ем продолжен викенд. Времето се погоди за мерак, сончево топло, пријатно за уживање и одмор. Но кои се моментите кои ги одбележија овие денови кога пола Македонија се нацрта во прекрасниот Охрид. Лоши, ужасни, без грам култура и совест, незаборавни по крајно некултурни настани.

                  1. ЖУРКИ на плажи во ПОЛН ЕК во период на светска пандемија.

Во контекст на ова ќе ја посочиме главната дестинација – Градиште, каде младите во транс, без никаква заштита, растојание скраја да е, го имаа најнезаборавниот журкачки викенд кој одамна го посакувале и исчекувале. За музиката нема да коментираме, бидејќи се е тоа работа на вкус (читај невкус). Жалното во оваа ситуација е што МЛАДИТЕ НЕ СЕ КРИВИ! Сите ние сме биле млади и крвта ни вриела на најјако. Проблемот се РОДИТЕЛИТЕ и ИНСТИТУЦИИТЕ! Главни и одговорни виновници. Родителите се тие кои не смеат да дозволат вакво однесување на своите деца, за кои уште е неизвесно дали од септември ќе ја започнат учебната година или не, а не да се пијанчат на велико додека други стравуваат и се затворени по своите домови поради вирусот кој владее. За родителите еден голем минус. Други виновници се институциите, инспекторите, полицијата! Каде се тие не само да опоменуваат, туку да казнуваат за ваквите случувања? Тие секако биле известени, но пусти врски, познаници, ти реков – ми рече пријатели, па прогледуваат низ прсти. Лошото, во овој случај доброто, е што се се слика, се се снима и после врие по социјалните мрежи. Затоа казни мора да има!

        2. Охрид стана позната ЃУБРЕ – АТРАКЦИЈА!

Луди млади години да, но собери си го тоа што ќе го изедеш и испиеш. Зарем толку те научиле твоите од дома дека ѓубрето не се фрла кај ќе ти дојде, туку го фрлаш во корпа, или ако не најдеш го чуваш и до дома го носиш за да не ја загадуваш околината. Втор минус за родителите! Каде им е основната култура на вашите деца драги родители? Или само роди дете па нека е живо и здраво, а другите ќе зачистат после него. Основна култура и воспитание = НУЛА! Срамота за нас, срамота за светот! Тоа само кај нас е можно, верувале или не. Одете во друга држава да видите како нема ниту еден пикавец на патот, а да не зборуваме за тони ѓубре расфрлано насекаде од невоспитани дечишта! КАЗНИ! Тоа му е мајката насекаде низ светот, па така треба и кај нас. Штом се удри по џебот, веднаш се менува однесувањето.

        3. Статусот на Панчо за дебелиот торта газ „несоодветно“ натегнат во танга во Охрид!

Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам “лепотицивие” дека НЕ секој ГАЗ е наменет за танга по плажа. Мислам…

Posted by Vladimir Blazev on Saturday, August 1, 2020

Доколку прошетате по светот ќе видите дека тангата ја носат не само девојки, туку и постари жени и баби. Кој како се осеќа, така и си се однесува. Никој од нас нема право да критикува, мудрува и навредува некого, па колку и вулгарно тоа изгледало за светот околу неа. На крајот на краиштата најважно е како таа се чувствува во сопствената кожа. Толку. Познавам мал милион пријателки кои баш поради ваквите коментари никогаш во животот не се осудиле да облечат танга, бидејќи би биле етикетирани и несоодветно именувани од пустиот ни нераскинлив балкански менталитет. Панчо, колку и да се оправдуваш, прифати дека коментарот не ти е во ред, вклучувајќи ги и лавината дрски коментари кои следуваат на твоја сметка, кои наведуваат исто како и ти одредени физички атрубути на личноста. Телото е убаво такво какво што е, и нема поубаво нешто од тоа кога девојката или жената ќе го прифати и сака, па и покажува и ќе се гордее со него, бидејќи тоа не е за потсмев, напротив за восхит и пример за другите. Затоа сакајте го своето тело, колку тоа совршено или несовршено да е. Ваше тело, ваш избор, ваш живот.

Ни фали основна култура другари. Таа не чини ни денар бидејќи доаѓа од дома, од нашето домашно воспитување. Вие всушност сте одраз на вашите родители. Никогаш не е доцна за промена во однесувањето, а ниту пак во законите. ОД НАС ЗАВИСИ!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0