Додека Македонче срка гравче, Амди си игра бајрам во Турција!

Кој вели дека не смеат да се организираат свадби, прослави и разни семејни веселби во ек на пандемија? Еве на пример пензионираниот пратеник и актуелен претседател на Сојузот на Роми, господинот Амди Бајрам вели дека не само што може да се ужива во прославите, туку истите да бројат ни помалку ни повеќе туку 600 гости! Не давате во Македонија, епа човекот си прослави во Турција на брод! Ма што се толку гости за еден човек како Амди, кога тој ако сака може и 6000 да си покани и нагости како господин!

Еееее драги мои, ПОЛИТИКАТА е само една обична, евтина ПРОСТИТУТКА! Кој нема да се продаде за малку пари, ќе се продаде за малку повеќе!

Еве што се поставува како прашање:

      1. Како оваа држава и Влада ќе постапат со овој настан кој се одржал во услови кога се се затвара, мерките се заоструваат, забраните се зголемуваат а истите се заобиколуваат и прекршуваат? Што со тие 370 гости од Македонија кои ќе се вратат утре во своите домови? Каде е карантинот? Дали за некого важат сите протоколи и казни, а за некого НЕ? Што е овој господин повеќе од мене, од тебе и од сиот македонски народ? Македонци, се слушаме ли?!?

 

    2. Само „искусните“ политичари можат да направат забава од ваков тип, во услови на економска рецесија, масовна сиромаштија и држава каде просечната плата изнесува 200 евра! Што е тоа за нив, само една обична прослава со „најблиските“. Додека Македончето се задолжува до гуша, зема кредити за стан кој ќе го отплаќа до крајот на животот, купува бела техника на 120 рати, не размислува за основање на семејство бидејќи нема основни услови за нормално живеење и мисли само како да избега од оваа продадена држава, за некого тие правила не важат. Па добро бе, ние во иста држава ли живееме или нешто грешка сум? Сите неписмени и полуписмени, од нигде никаде милионери станаа! Што политика ќе беше ова, човек да посака политичар да стане! „Обичниот“ граѓанин ќе се гужва по автобуси, а некој ќе се журка на бродови!

Се додека молчиме и велиме дека има и полошо, се до тогаш ќе си играат со нас како сакаат. Не пикнаа скоро сите во џеб за една мизерна плата која едвај до средина месец стигнува и пак памет не ни доаѓа! Престанаа веќе и корки да ни фрлаат, криза било, па сега на трошки сме! Се луксузираат, журкаат и трошат наши пари без срам и перде! И да нема буџетот пари, ич да не се секирате, тука се банките кои даваат милионски кредити на државите како нашата, па има, ќе се најде, а ние здравје ќе ги враќаме во наредни 1000 години!

Затоа пиј си Амди Кока-Кола и ич да не ти чуе,

пошто на овој народ и тоа малку му е!

Прави си свадби пошто Корона во Турција нема,

остај не нас народот, карантин ни е во шема!

Нека им е со среќа на младите во брачната трка,

пусто гравче ми загоре, што ли денес ќе се срка?

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0