Џокер – од очекувања до остварувања

Дали има некој од вас што сеуште не го гледал едно од најновите филмски остварувања кој за само неполни три месеци заработи ни помалку ни повеќе, туку 1 билион долари? Ако не сте го гледале, сигурно сакате или планирате да го гледате еден од најозборуваните, најфалените, нај нај нај филм над филмовите (барем така цел свет го оценува), најсветлото остварување на големото платно, и бла бла бла уште колку и да не позитивни критики за филмот „Џокер“.

За да се опише филмот треба напорно да се избираат зборови кои ќе се употребат за да не се биде вулгарен, нападен или да нема навредлива содржина текстот. Ај да пробаме вака: Филмот е само една огромна маркетиншко успешна приказна која го носи еден од најпознатите имиња во светската филмска индустрија – „Џокер“. Точка.

Реалноста е дека полошо, повознемирувачко, подепресивно „остварување“ богами немаме гледано до сега. Не може да се оспори фактот за одличната глума на Хоакин Феникс, но да бидеме реални, сепак станува збор за лик којшто е ментално болен, отфрлен од општеството, кој на крај станува убиец.

Да, општеството е криво за класната поделеност помеѓу луѓето, за сиромаштијата и екстремно богатите класи, за лошите политики, негрижа во целиот систем и криминалот кои се случуваат во нашата земја, како и во целиот свет.

Ова е само еден ментален случај кој треба да биде соодветно под контрола на медицински лица или згрижен во соодветна институција. Класично потфрлување на институциите и здравството, кои преполни со „високо стручен“ кадар не се многу многу заинтересирани за случајот со кој се соочуваат, туку гледаат што побрзо да заврши сесијата и секако работното време, за кое толку се платени.

Тој е нападнат и претепан од „улични“ хулигани, и тука треба да е општеството, читај полицијата и судството, кое треба да постапи согласно случајот. Потоа е нападнат од „богати“ хулигани, кои за разлика од првите го завршуваат својот пат тука. И едните и другите се насилници, без разлика на кој слој на граѓани припаѓаат. Треба подеднакви санкции, но дали тие се воопшто можни во еден свет каде парата царува, а мудроста и здравиот разум се скриени под перница?

Приказната е, ќе повторам, за еден ментален случај кој како и сите нас живее во едно труло општество, каде сиромашните се комплетно отфрлени, богатите стануваат побогати, а оние најбројните – средната класа, само гувеат, живеејќи еден „просечен“ живот полн со кредити, неостварени соништа, со надеж за подобро утре, затрупани во секојдневните обврски и доживотното статус кво.

Поради лошата психичка состојба човекот станува убиец. Тоа не е ниту нормално ниту прифатливо, бидејќи што би било доколку сите случаи се решавани со најтешкиот вид на насилство а.. па на планетата би и останале само дрвјата а со нив и чистиот воздух.

Филмот е чиста нула, и само поради извиканоста ме има предизвикано да напишам дека не вреди да се гледа. Па уште кога слушнавме дека ќе има и втор дел ?!?! Катастрофа на столетието … Од глупоста сигурно и 2 билиона ќе заработат.

Изборот е ваш.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0