15 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

2020 година – 13 години откако легендата не напушти!

Легенда непреболена! Чиста душа неисплакана! ТОШЕ ПРОЕСКИ беше и засекогаш ќе остане човекот со ангелски глас, појава која ја пленеше душата, поглед кој маѓепсуваше, пример за млади и стари за однесување, зборување, трпеливост, добродушност. Тоа што го остави зад себе е една богата ризница исполнета со песни за душа, текстови кои допираат и до најтврдокорните срца, мелодија која предизвикува гордост, смеа, хармонија, но и солзи и болка во срцето.

Нашата ЅВЕЗДА е меѓу ЅВЕЗДИТЕ!

Песните кои ги пееше носат толкава тежина за која секој од нас треба да се подзамисли и ден денес.

„Што е тоа во луѓето тажно,

што живеат во животи туѓи,

кој во моето минато плови,

сосем мирно без да се срами.„

Живејте го својот живот. Не дозволувајте времето да ви мине завидувајќи и зборувајќи за туѓото. Збогатете го сопствениот живот. Погледнете длабоко во себеси и дозволете си да се осознаете кои навистина сте, каде чекорите, дали сте на вистинскиот пат кон остварување на вашите желби, соништа, аспирации. Бидете добар човек пред се.

Почесто треба да се потсетуваме и на неговите зборови кои толкава мудрост носеа. Говореше чесно и искрено од срце. Тој во еден наврат има изјавено:

„Не пеам за партиите, тоа се проколнати пари. Подобро парите што мислеле да ми ги дадат, да ги поделат на сиромашните. Тогаш ќе пеам за сите политички партии“.

Толку голема вистина и длабочина во само неколку зборови. Тоа не е само за пеачите, туку важи за сите луѓе.  Жално е вакво нешто да се споменува кога ќе се изусти неговото име, но моменталната ситуација е таква да државата ја држат партиите кои како марионети си поигруваат со народот, кој игра како тие ќе засвират. Играјте само претстава по ваше сценарио и во ваша режија. Немојте да бидете ничија кукла. Свои на своето!

Или можеби се сеќавате на:

„Да имам огромна моќ, макар и накратко,

би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.“

Злото го гори срцето и го исполнува со црнила. Ве полни со негативна енергија и ви ги помрачува душата, мислите, денот, месецот, годината, векот! Исчистете ја душата од црнила и исполнете ја со весели и шарени бои. Наполнете го срцето со ЉУБОВ! Само чистата љубов зрачи со убавина, шарм и позитивна енергија. Ширете љубов! Бидете ЉУБОВ!

 

    Драг Тоше, ти си нашата сјајна ѕвезда која вечно ќе сјае, како на небото, така и во срцата наши. Твоите песни, зборови и дела сами говорат за тебе, а ние ќе се погрижиме идните генерации да знаат дека некогаш сме имале човек кој Бог толку многу го сакал, што прерано си го земал во своја закрила. Твоето име значи ЉУБОВ! Ти си ЉУБОВ! Од тука до вечноста, еден и единствен, нашиот Тоше …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0