Плескавица повкусна од лесковачка? Стига рецепт!

Кога ќе слушнеме плескавица првото што ни доаѓа на памет е меленото месо. За сите оние кои сакаат да пробаат една поздрава варијанта на плескавица, ви предлагаме да ја направите оваа екстра вкусна зеленчукова бомба во вид на плескавица, на која ни лесковачка не и е рамна 🙂

Потребните состојки се:

  • Зеленчук (кромид, морков, брокула, карфиол, тиквица)
  • 2 јајца
  • 1 лажица презла
  • 1 лажица брашно
  • маслиново масло
  • сол

Најпрво ја рендаме тиквицата, ја посолуваме и оставаме да стои на страна додека ги спремиме другите состoјки. Во подлабок сад го додаваме исецканиот кромид, ренданиот морков, ситно сецканите брокула и карфиол, јајцата, брашното и презлата, маслото и солта. Тиквицата со раце ја стискаме како би ја исцедиле водата и потоа ја додаваме во садот со другите состојки. Мешаме со раце како би добиле една хомогена смеса.

Рерната ја загреваме на 220°C. На хартија за печење ги ставаме плескавиците. Воедно смесата не е толку цврста како кога е правена со месо, така да може да се послужите со лажица при формирање на плескавиците. Ставете да се печат 15тина минути или додека убаво не поруменат. Уживајте во здравата храна и грижете за вашите најмили. Печено, не пржено! Зеленчуково – не месно!

Имајте убав зеленчуков ден мили здравковци.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0