Дон Мијале во трка за ОСКАР !?!

Бегалска ХИМНА

– прв дел –

 

Македонија мајка само бегалки раѓа,

што ксмет ќе имавме, среќата само кај нас се паѓа.

Оваа бегалка сепак се врати во домот свој,

не го собрало в гепек кутриот тој.

Горел од температура сиротиот сам,

мафиозо да легне в кревет болен, никако таков срам!

 

Обиџуко Министерио имаше денеска прес,

го фативте некако на препад, целиот беше под стрес.

Пустиот гласот му трепереше, едвај не наполни гаќи,

кутриот пак му се смееја, тетки, стрини и сваќи.

 

Среќа голема го имаме Зоки наш,

он што ќе каже така секогаш биднува,

зашто докажал дека неговиот збор злато вреди,

кој нема да си плати, има одма да го среди!

 

Гледајте на добрата страна,

Холивуд може вода да ни носи,

комично трагична серија се снима,

народ се смее баш се му штима.

 

А и овој Грујо заебан, за цимер не го сака,

уште е во филм на Дон Николе, мораш да бациш рака.

Пусти Мијале никако да попушти и да се поклони пред царот свој,

па реши да се врати да го заврши филмот во кој главна улога е тој.

 

Ах пусти народе македонски, дали еднаш ќе сфатиш,

дека човек што милијарди тежи, во затвор не ти лежи.

 

продолжува …

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0