Која е најголемата желба на луѓето после 40тата година?

Кога сте млад и крвта ви врие, најважното нешто ви е да сте дотерани и скоцкани од глава до пети, со брдо од пријатели, по журки, кафичи, на егзотични локации со коктел во едната рака и мобилниот во другата, опкружени со многу луѓе, гласна музика, лумперај од утро до зори. Но како времето изминува, така и вашите цели и аспирации се пренасочуваат кон комплетно спротивно од она што претходно ви било приоритет во животот. Сега повеќе сакате тишина наместо бучава, неколку вистински пријатели отколку стотина кои едвај ги гледате, иако за нив знаете скоро се поради социјалните мрежи. Вистинското квалитетно време сакате да го поминувате во кругот на фамилијата и најблиските отколку во гужва во која се довикувате за да си кажете барем два збора.

Но едно нешто е желба на поголемиот дел од луѓето кои се во близина или ја надминале 40тата година од својот живот, а тоа е едно фино дрвено куќиче на планина и ништо повеќе.

Нема потреба од луксузи од типот на неколку ката, повеќе спални соби, огромни кујни и така натака. Напротив, едно мало, топло катче каде ќе ги поминувате едни од најубавите, најпријатните, полни со љубов, хармонија и блискост моменти со вашите најмили. Местенце некаде на планина, на чист воздух, каде најдобри пријатели ќе ви бидат сонцето, ветрот и секако песната на птиците.

Далеку од џагорот, од преполните улици, нервозни шофери и нивното постојано трубење, а најмногу од издувните гасови и нечистиот воздух. Место каде ќе можете да бидете едно со себеси, каде вашето тело и ум ќе се радуваат на убавините кои природата ни ги нуди, кои се бесценети и не чинат ниту еден денар. Место каде вестите и турските серии ќе бидат заменети со добра книга, каде воздухот мириса на планински чаеви а звуците на природата ви ги милуваат ушите со своите тонови.

Добра и не многу голема инвестиција која може да ви го збогати, освежи и продолжи животниот век. Размислете и направете го вистинскиот чекор токму сега. Ќе ни заблагодарите подоцна …

Бидејќи здравјето нема цена.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0