Доктор Пановски дециден: „Второ полугодие на училиште БЕЗ МАСКИ“!

Во пресрет на најголемиот сенароден протест кој ќе се случи денеска во 18 часот низ сите градови во Македонија, Д-р Никола Пановски конечно дава зелено светло за родителите кои денес ќе излезат да го кренат својот глас во името на здравјето на своите деца!

Тој вели:

„Ако епидемиолошката состојба дозволи настава со физичко присуство во второто полугодие таа да биде без задолжително носење на маски. Маски на физичко е опасно по здравјето на децата и не смеело да се дозволи и во првото полугодие.“

Оваа изјава е секако објавена со согласност од Д-р Пановски, на кој му благодариме што застанува од наша страна, односно застанува на страна на децата, затоа што нивното здравје е пред се!

Сите заедно, обединети како еден можеме да го победиме ова зло! За момент можеби ги заборавивме нашите деца заглавени со маски во училиштата додека го пиевме пладневното кафе со колегите од работа во најблиското кафуле, но сега е вистинското време да се искупиме за тоа! Сите во 18 часот на ПРОТЕСТ! Нема назад!

Од РОДИТЕЛИТЕ за ДЕЦАТА! 

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0