Кој е тајниот рецепт за јакнење на ИМУНИТЕТОТ на вашето дете
Периодот кој следува, ладното и променливо време, краткото траење на денот и малата изложеност на сонце, вирусите кои владеат особено во зимскиот период, се само дел од причините поради кои повеќето родители посегнуваат по широката фармацевтска понуда од разни сирупи, апчиња, капсули и прашоци за јакнење на детскиот имунитет.
Но дали тоа е вистинскиот начин за справување со болестите и лек за трајно јакнење на детскиот имунитет, или само едно брзо и краткорочно решение кое доколку се прекине, неговиот ефект веднаш престанува?
Најдобриот начин е секогаш ПРИРОДНИОТ НАЧИН!
Наместо сирупи полни вештачки додадени шеќери за добивање на неколку витамини, исцедете свеж лимон и портокал и понудете му на вашето дете. Но не само за детето, направете свежо исцеден сок и за вас. Нека тоа стане ваш дневен ритуал, момент на поврзување и поттикнување на здравите навики. Тоа што вие јадете и пиете, тоа и вашето дете ќе го конзумира на дневна основа. Доколку вие ги наполните полиците со чипсови, грицки и благи работи, детето тоа и ќе јаде. Наместо тоа, наполнете го домот со лимони, портокали, мандарини, јаболки, круши, банани и киви. Повеќе витамини од тоа здравје! И вие задоволни, среќни и здрави, а покрај вас и вашето дете и целата фамилија.
Зарем е подобро една капсула, наместо еден полн тањир зеленчуци? Еден вештачки прашок наместо една топла домашна супа полна здравје? Едно апче наместо свежа салата?
Дневна рутина нека ви биде посета на најблискиот пазар, наместо посета на локалната аптека!
Свежи моркови, тиквици, брокула, карфиол, цвекло, тиква, костени …. Понудата е широка, а изборот е ваш. Наполнете ги кошниците со здрави производи од природата, наместо со лабараториски зајакнувачи на имунитетот спакувани во шарени кутивчиња! Нека здравиот начин на исхрана стане ваше секојдневие, кое ќе го градите постојано, наместо полнење на џебовите на фармацевтите и индустријата која вештачки е одговорна за вашето здравје.
Ако посетувате пазар во младоста, таму ќе пазарите и во староста. Здравјето преку уста влегува! Практикувајте ПАЗАР, избегнувајте АПТЕКА! Изберете ПРИРОДА, наместо ЛАБАРАТОРИЈА!
Здравјето пред сè!