Македонија обвиена во црно. Широко им небо.

Страшна сообраќајна несреќа ја обви Македонија во црно. Голема трагедија чија болка нема размери. Во автобусот кој се враќал од Истанбул кон Македонија, на магистралата Струма, во близина на Перник, Бугарија, животот го загубија најмалку 45 патници, а 7 се повредени. Истрагата околу несреќата е веќе во тек, а за причините поради кои автобусот се запалил допрва ќе се утврдува. Да не шпекулираме и да не предвидуваме зошто се случило, со должна почит кон починатите и кон нивните семејства кои поминуваат низ најтешките моменти поради оваа траорна вест.

Идентификацијата ќе се прави преку ДНК анализи, додека истрагата ќе ја води Бугарското обвинителство. Во Македонија и Бугарија ќе се прогласат денови на жалост.

Бог нека им прости на оние кои животот го загубија во оваа трагична несреќа. Искрено сочувство до фамилиите. Нека им е широко небо.

Да не се повтори!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0