Дали ќе ги пуштите ПОПИШУВАЧИТЕ во вашиот дом?

Иако помина една година од почетокот на пандемијата, бројките никако да се намалат, вирусот продолжува да се шири, а вакцините „штотуку“ не стигнале. И така во ова време-невреме, Македонија цврсто решила да направи попис на населението, кое со месеци внимава, се придржува до препораките, и скоро цела година ги има ставено на стенд-бај сите социјални и друштвени активности, токму поради лична заштита од овој злобен вирус.

Овде станува збор особено за најранливата група на граѓани, над 60 години кои имаат хронични болести, кои единствена комуникација со нивните најмили, особено деца и внуци, е преку интернет или на камера, токму за да се зачува животот, барем додека дојдат вакцините, кои сепак првично се наменети за нив, за надминување на оние потешки нарушувања и компликации кои вирусот ги носи.

Најавено е дека попишувачите ќе носат специјална опрема, од типот на маски, заштита на  обувките и средство за дезинфекција на рацете. Но колку е се тоа доволно за некого да пуштите во својот дом, ако досега ни најблиските не стапнале со нога кај вас, се поради превентива од најлошото и заштита на најкревкото?

Дали можеби најдобра опција за ваквите случаи, доколку станува збор за стан во зграда, е попишувањето да се спроведе во влезот, на потребните два метра растојание, наместо да се влегува во домот, каде воздухот може и да се контаминира? Бидејќи после, колку и да се проветрува, вирусот е така мудро осмислен да може некоја кривина да фати и лесно да создадеме некој „македонски“ сој!

Треба да се размисли на овие прашања со време, бидејќи истите попишувачи ќе влегуваат и во станови каде е во тек самоизолација, што значи дополнителен ризик за сите граѓани.

Да се попишеме но и здравјето да го зачуваме!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0