Мајка со бебе и количка која шета БЕЗ МАСКА! Дали ја оправдувате?

Препораките за заштита од корона вирусот се едноставни: Држете растојание од 2 метри од другите околу вас, носете заштитна маска и редовно мијте ги рацете. Три лесни правила кои верувам дека секој со здрава свест и совест спрема себеси и најблиските ги почитува и воедно применува.

Ви пренесуваме едно писмо од мајка која на некој начин противречи на едно од овие правила. Еве што напиша таа:

„Драги сограѓани, пред неполни два месеци го донесов моето ангелче на овој свет. Во текот на бременоста се до ден денешен до крај ги почитувам сите мерки кои Владата ги има донесено, со што сум во изолација и контактите со блиските и пријателите ги одржувам само преку социјалните мрежи и на камера. Верувам дека на овој начин се заштитувам себеси и моите најмили од невидливиот непријател кој го нападнал човековиот род, со надеж дека што побрзо ќе се спасиме од него и работите ќе можат да се вратат во нормала.

Откако моето чедо наполни 40 дена, јас секако решив дека е време да започнеме со прошетки на воздух и сонце, како би растеле нормално и во отворена средина, отколку затворени во четири ѕида. Шетаме со количка, а во количката секако ја носам мојата маска. По пат не разговарам со луѓето околу нас и во секој момент одржувам дистанца од 2 метри. Не се приближувам на детски игралишта каде е полно со деца и родители, туку едноставно правиме прошетка и се враќаме дома.

Во текот на прошетката јас НЕ НОСАМ МАСКА! Не дека е топло, не дека ми пречи, туку од едноставни причини што јас не се доближувам до никого околу мене. Не ретко се соочувам со обвинувачки погледи од минувачи, кои верувајте се на најмалку 2 метра оддалечени од нас. Фала му на Бога што сопругот оди и пазари за фамилијата, па воопшто и немам потреба да влезам во било каков маркет или аптека.

Дали правам нешто погрешно? Јас силно верувам дека доколку не се доближувам до останати луѓе и не влегувам во затворени простории, дека маската не треба да се носи на лице. Корегирајте ме ако грешам, но навистина не ја разбирам потребата од маска во мојот случај.

Ви благодарам за вниманието и само ќе ви порачам да се чувате и да ги почитувате препораките, бидејќи тие се за наше добро и за доброто на сите околу нас.“

Кое е вашето мислење во овој случај? Дали ја поддржувате оваа мајка која отворено го искажува своето мислење и на свој начин се справува со ситуацијата?

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0