Излечете го црвеното грло на природен начин

Зимските денови а со нив и настинките тропаат на нашата врата. Фармацевтската индустрија нуди милион можни опции за нивна превенција, спречување и лечење, преку разни сирупи, спрејови, капки, облоги и што уште не. Но зошто веднаш да се фрлиме на медикаменти кога златната природа ни дава уште повеќе можности за негово брзо и навремено спречување. Верувајте и на природата, бидејќи храната е и здравје и лек, а знаете дека здравјето влегува преку уста.

Затоа нареден пат кога ќе осетите нелагодност во грлото, како болка, гребење, пецкање, надразнето кашлање, како и тешкотија при голтање, пробајте ги овие природни методи:

  • Солена вода – Верувале или не, но еден од најефикасните начини за лекување на болка во грло е со солта која сите ја имаме дома. Во една топла шоља вода растворете една лажичка сол. Три пати во денот правете гаргара со овој раствор кој ќе ви донесе моментално олеснување. Секако водата не се пие, туку по секоја гаргара ја плукате.

  • Напиток од ѓумбир, мед и лимон – Иако звучи како интересен пијалок, и оваа течност е за испирање на грлото, односно гаргара, и истиот не се пие. За припрема ви е потребено една лажичка ѓумбир во прав, една лажичка мед, пола шоља млака вода и сок од пола лимон.

  • Јаболков оцет и сол – Направете раствор од 1 лажица јаболков оцет, 1 лажичка сол и шоља топла вода. Испирајте го грлото барем три пати на ден, а по потреба може и почесто. Испирањето на грлото со овој раствор создава кисела средина во која микробите не можат да преживеат.
  • Лимонада – Едноставен но магичен напиток кој ќе помогне да се намали отокот и болката во вашето грло.
  • Бел лук – Можеби звучи миризливо, но оние кои можат секако нека го пробаат. Исечете едно чешне бел лук на пола и шмукајте ја течноста што подолго можете.
  • Прополис за грло – Капнете околу 20-тина капки прополис на коцка шеќер и оставете го во уста да се растопи, како прополисот подолго би се задржал во вашето грло. Тој има антивирусни и антибактериски својства.
  • Лажица мед – Но не обичен преработен шеќер, туку вистински, природен, домашен мед. Можеби ќе го платите поскапо, но барем ќе знаете што внесувате во себе и секогаш купувајте го од претходно проверено место. Тој не само што делува против бактериите и вирусите како и прополисот, туку истовремено неговата леплива структура создава заштитен слој на грлото и така ја ублажува болката.
  • Чај од жалфија, бел слез, малина, зелен чај – користете ги овие чаеви за испирање на грлото. Единствено чајот од бел слез се приготвува поинаку од останатите чаеви со тоа што истиот се прелива со ладна вода, претходно превриена, по што се остава да отстои еден час пред употреба.
  • Облоги за грло – тука има неколку типа облоги, и тоа облога со мед и бибер, потоа облога со ракија која претходно е загрена, како и облога со претходно сварени, па изгмечени компири кои се држат два часа на воспаленото грло.

Во овие ладни денови пијте повеќе течности, топли чаеви и супи, и нека настинката бега подалеку од вас. Да се радуваме здрави на зимата.

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0