11 октомври 2024
ПоследноПриказни од животот

Дали лицата со висок број на АНТИТЕЛА треба да се ВАКЦИНИРААТ?

Вакцинирај се. За моментите на среќа, вакцинирај се. За среќни и безгрижни училишни денови, вакцинирај се. За семејните вредности, вакцинирај се. Дали си прележал, дали имаш антитела воопшто не е важно! НАЈВАЖНО ОД СÈ, ВАКЦИНИРАЈ СЕ!

Прашања има многу, но се помалку одговори. Не одоколу, не отприлика, ние сакаме точни, прецизни, со факти и бројки поткрепени одговори. Не е одговор: „Со вакцина, имунитетот е ПОТРАЕН“. Што значи тоа „потраен“? Три дена, две недели, колку?

 

Вакцината се прима за со цел да се создадат антитела кои ќе го штитат организмот од вирусот, односно ќе помогнат да се надмине со помали компликации доколку повторно се зарази со истиот.

Одговорете ни само на ова:

Колку антитела се доволни за вакцинацијата да биде непотребна?

Ајде да пробаме и вака: Зошто човек со високо ниво на антитела и после година дена од прележан вирус мора да се вакцинира?

Антителата кај оние кои прележале се присутни. Некој со помал, а некој со поголем број. Како што сертификатот за вакцинација има рок на траење, зошто и доказот за присуство на антитела не добие реален рок на траење?

Дали оној кој има високо ниво на антитела може да направи штета на сопствениот организам доколку ја прими вакцината? Зошто индивидуалниот ПРИРОДЕН имунитет не е доволен за човек да НЕ СЕ ВАКЦИНИРА?

Сакаме конкретни, а не политички осмислени, одоколу нејасни одговори.

Во меѓувреме, да не заборавиме да размислуваме со сопствена глава, да веруваме на информации од проверени извори, и да одлучуваме со здрав разум. Затоа на 29 Август во 19 часот пред Собрание се гледаме на протест. За јасни одговори. За стоп на присилна вакцинација. За здравјето кое е пред СÈ! 

И да, ЗА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕМЕ РАЗДЕЛЕНИ!!!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0