Пандемијата ни ја покажа убавината на татковината!

Ако нешто убаво видовме од пандемијата и затворањето на границите тоа се секако природните убавини и пејсажите кои го одземаат здивот на родната ни земја Македонија. Секој од нас беше „приморан“ да ги помине летните денови дома, со што народот се отвори не само кон стандардните дестинации од типот на плажа, езеро и Охрид, туку кон истражување, планинарење, посетување на нови места, планини, водопади, градови и села кои и те како имаат што да понудат, од храна до прошетки и места кои воодушевуваат.

Почнувајќи од Смоларските, Колешинските и Дуфските водопади, до Салаковските езера, изворот на Бабуна, прекрасниот Галичник, многуте цркви и манастири, но и многу други места кои го оставија својот народ со подотворена уста од убавините кои ги носат во себе.

Една голема лекција треба да научи секој од нас од изминатиот период, а тоа е дека ПРЕД СЕ треба да си ја сакаме СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА а потоа да се восхитуваме на убавините надвор од нашите граници. Дали видовте една недопрена природа, високи до недоглед планински превои, реки со кристално сина вода која ви засветкува во очите, ливади послани со занесни шарени цветови, воздух кој ве опива и мириси кои се прелеваат во тоновите на музиката која природата ја свири.

Да го сакаме и да го чуваме своето, затоа што друго немаме! Македонија вечна!

Like или Share? А може и двете ..
fb-share-icon0